Навивачите на солунските „црно-бели“ во самиот финиш од мечот кога започна судиското продолжение од 4 минути а нивните фудбалери немаа сили да го израмнат резултатот, почнаа да фрлаат бакљи и разни предмети на теренот а набрзо и се симнаа долу меѓу играчите кои експресно брзо се повлекоа во соблекувални.
Траеше судир меѓу навивачите и полицијата. Фудбалерите на ПАОК стоеа на страна и гледаа што се случува а судијата им нареди да се повлечат во подтрибинскиот простор.
Набрзо безбедносните служби речиси во целост ги испразнија трибините, делегатот Димитрис Диамантопулос ја проверил состојбата на теренот и трибините и мечот во договор со судијата Боби Мајден од Шкотска (Грците за големи и тензични дерби средби викаат арбитри од страна) решиле натпреварот да заврши.
In 🇬🇷Greece, PAOK fans are not reacting well to an imminent 1-0 loss at home to rivals Aris.
— Sam Street (@samstreetwrites) November 28, 2021
The match has been suspended in stoppage time and is unlikely to restart.pic.twitter.com/qZJEX8jGVc