Дербито вечерва на „Тумба“ помина во тензична атмосфера која кулминираше во последната минута од мечот. По последниот корнер во 97’ минута Варела даде гол но судијата го поништи поради очигледен офсајд.
Тоа беше причина сопственикот на Паок, Иван Савидис бесно да влета во теренот со пиштол околу појасот и да тера правда со судиите.
После ова грчкиот фудбалски сојуз ќе има многу работа.
Паок чека на титулата цели 32 години. Олимпијакос заостанува зад првите две екипи па извесно е дека после седум години ќе остане без највредниот трофеј во грчкиот фудбал.