Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.
Паок од Солун vs Аек од Атина. Речиси едно вековно дерби на кое се случило и видело сè и сешто, ама не и ова. Не за џабе се вели дека фудбалот е еднаков за сите. Браво, кој знае со каков ќеиф го правеле ова.
Косовскиот фудбалер Бенјамин Кололи го постигна единствениот гол на мечот АЕК - Цирих 0:1, откако го искористи пеналот кој го направи Даниел Мојсов со рака. Убаво е да се слави со навивачите, ама и да се знае кај се тера.
Хаосот во грчкиот фудбал продолжува откако раководните луѓе на лигата решија да му одземат три бода на солунскиот клуб кој брка титула после цели 29 години. Во меѓувреме во Пиреа нереди на навивачите на Олимпијакос кој мислат дека властите го помагаат ПАОК.
Политичар и бизнисмен кој во минатото служел војска во Советската армија. Важи за 30-ти најбогат човек на светот кој го спаси ПАОК од гаснење во 2012. Необично, не зборува грчки јазик иако 30 години живее во Солун.
По гангстерското однесување на газдата на ПАОК кој се шеташе како шериф на терен со пиштол, владата донесе одлука сите натпревари од првата грчка лига да бидат во прекин на неодредено време.
На денот на клучниот меч против АЕК, грчкиот сојуз му ја укина казната на Паок од три бода после што вечерва меѓусебниот дуел АЕК го почна со 54 бода, а Паок со 52 пред преполниот стадион „Тумба“.
Аргентинскиот напаѓач Серхио Араухо од АЕК веројатно го достигна врвот на оние чудни утки кои го носат епитетот „неверојатни“ и „невозможни“. Што и да направеше друго ќе беше попаметно од ова.
На дуелот од реваншот на грчкиот Куп меѓу АЕК и Олимпијакос, гостинскиот фудбалер Карим Ансарифард покажа дека комотно би можел да глуми во некој игран филм. Главна улога, не споредна.
На 3,6 секунди до крајот на мечот меѓу Динамо Сасари и АЕК во кошаркарската Лига на шампиони еден навивач со сета сила го турна Хрватот Роко Укиќ. Следуваше реакција од полицијата која едвај го истера надвор гледачот. На крајот победи Динамо Сасари со 80-79.
Олимпијакос, ПАОК и Панатинаикос паднаа во сенка на третолигашки клуб. Заглавениот во долгови АЕК мораше да го загуби професионалниот статус и да се пресели во трета лига, но не ги загуби своите верни навивачи.