Грчкиот гигант АЕК, кој во својата историја има освоено 28 титули во домашното првенство, за прв пат во историјата испадна во понизок ранг. Клубот мораше да се пресели во трета лига за да се елиминираат старите долгови и да започне од нула.
Еден од најмоќните Грци, Димитрис Мелисанидис повторно го презеде клубот и вети брзо враќање на старите патеки, како и изградба на нов модерен стадион. Планот на Мелисанидис се исполнува.
Во понеделникот АЕК објави дека оваа сезона продале 12.855 сезонски влезници за нивните натпревари во третата лига. Тоа е повеќе од било кој друг клуб во Грција.
Зад нив е ПАОК со 12,820 и освојувачот на двојната круна Олимпијакос со 12.000 продадени сезонски влезници, а Панатинаикос продаде само 8.000.