Откако со пиштол околу појасот упадна на теренот пред крајот од мечот ПАОК - АЕК, Русинот со грчко потекло Иван Савидис цели три години нема да смее да има никаква функција во фудбалот. На пет кола до крајот сега на ПАОК му се одземени три бода и заостанува пет бода зад атински АЕК.
Покрај бодовно, ПАОК е казнет и парично со 63.000 евра а претседателот Савидис ќе треба да плати 100.000 евра казна поради тоа што го прекина мечот и влезе со пиштол на терен.
Инцидентот кој настана поради поништениот гол на ПАОК во судиското продолжение на големото дерби против АЕК сега добива епилог. Паузата од две недели за репрезентативен фудбал добро му легна на грчкиот фудбалски сојуз кој во мир одлучил што и како понатаму.
Савидис во меѓувреме се извини за тоа што го направил и изјави дека неговата цел била да спречи големи нереди и упад на навивачите испровоцирани од судиските одлуки кои би направиле хаос.
Од друга страна, во Пиреа навивачката група на Олимпијакос Gate7 направила нереди во еден кварт предградието каде гостувал министерот за финансии на Грција којшто доаѓа од владеачката Сириза, партија која медиумите ја поврзуваат со клубот ПАОК односно нивниот сопственик Савидис, милијаредер кој наводно ја поддржува партијата и е во пријателски односи со премиерот Ципрас.
BREAKING: Owner of Greek club @PAOK_FC, Ivan Savvidis, has been banned for three years for carrying a gun onto the pitch during a game against AEK Athens. PAOK have also been fined and docked three points in the Greek Superleague. #SSN
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 29, 2018
Навивачите на Олимпијакос сметаат дека власта прави сè да му донесе титула на ПАОК после цели 29 години.
Повеќе за претседателот на ПАОК, Иван Савидис тука.