„Се плашам дека ефикасното елиминирање на 80% од енергијата, на крајот ќе доведе до елиминација на 80% од луѓето“, вели Мур по кој некои работи, особено во големите градови, луѓето ги земаат здраво за готово па не размислуваат доволно како онаа храна која им е достапна на секој чекор се произведува и стигнува до нивните места.
Активистите често пати се повикуваат на аргументот дека околу антропогените климатски промени постои „97 процентен научен консензус“. Но, во суштина тоа е искривено толкување на анализа на 11.944 релевантни студии. Имено, 66,4% од нив воопшто не се огласуваат на темата, што значи дека оние 97% се однесуваат на оние другите. Па дури и во тој кампус ситуацијата не е еднозначна.
„Во целата историја стравот се користел за да се контролираат луѓето, нивните мисли и паричникот. Климатските катастрофи е кампања на страв, поточно на страв и на вина. Се плашите дека ги убивате своите деца бидејќи ги возите во СУВ и испуштате CO2 во воздухот. Па се чувствувате виновни заради тоа. Не постојат поголеми мотивации од овие две.“
Според Мур, денешната еко-сцена е токсична мешавина на идеологија, политика и религија. „Зелените движења креираат стории кои инјектираат страв во јавноста“ а “медиумските ехо-комори ги повторуваат до бескрај“, придружени од наративот на “зелените политичари кои купуваат научници со државни пари за да го одржуваат стравот и да продуцираат материјали во научна форма“, а во ланецот се „зелени бизниси и кварни капиталисти кои ги користат предностите на големите субвенции и даночни олеснувања“ за да намлатат големи пари.
„Ова е најголемата лага и измама уште од времето кога луѓето веруваа дека Земјата е центар на универзумот. Ако ви текнува, Галилео им откри дека Сонцето е центар на Сончевиот систем а Земјата се врти околу него. И затоа од Католичката црква беше осуден на смртна казна и само затоа што се покаа, му беше дозволено остатокот од животот да го мине во домашен притвор,“ предупредува Мур.
За јаглерод диоксидот кој едногласно се смета за непријател број еден на денешното човештво, ко-основачот на Гринпис еретички ќе каже:
„Јаглеродниот диоксид е храна на животот, тој не е загадување“, вели Мур кој тврди дека фосилните горива го имаат спасено човековото постоење од прерано исчезнување бидејќи нивото на CO2 е во постојан пад уште од Леденото доба и дека дошло до опасно ниски параметри едвај доволни за преживување на растенијата, сè додека не се вклучил човекот со неговата индустриска револуција.
Патрик Мур особено е сомничав кон еуфоријата околу Алесандра Окасио -Кортез, нејзиниот „Зелен нов договор“ и движењето „Изгрејсонце“ кое стои зад сето тоа.
За Окасио - Кортез:
Таа е атрактивна, говори уверливо ама не знае баш многу за темите за кои зборува. Конечно, таа беше шанкерка пред да влезе во Конгресот.
За Sunrise movement:
Им го перат мозокот на децата убедувајќи ги дека на светот ќе му дојде крај за 10-тина години. Зад ова мора да стојат милијардери. Сакам да знам кои се тие и сакам да ги срушиме.