Главната намера на Окасио-Кортез е во следните 10 години да се развие „карбон-неутрална“ економија, која ќе бара огромни чекори за откажување од американската зависност од нафта, гас и јаглен.
Освен ова, еден од столбовите на планот е да се постигнат „нула нето стакленички гасови“, што подразбира и целата електрична енергија да се добива од „чисти, обновливи извори на енергија со нула штетни издувни гасови“.
Документот е надополнет со уште неколку вечни желби на американската левица:
- Здравствена заштита за сите.
- Гарантирање на работни место
- Бесплатно високо образование
Планот веќе има поддршка од голем број демократски конгресмени, вклучително и неколку потенцијални претседателски кандидати на Демократите. Сепак тој се уште е само „предлог“, а на него треба дополнително да се работи заедно со големи организации од сферата на екологија, работни односи и право.
Меѓу целите наведени во документот се наведени и групите што планот очекува да ги опфати, и во него се речиси сите:
„Промовирање на правда и еднаквост преку запирање на сегашната, превентирање на идната и поправање на историската репресија на домородното население, заедниците на луѓе со боја, мигрантските заедници, де-индустријализираните заедници, руралните заедници кои ја изгубија својата популација, сиромашните, работниците со ниски примања, жените, возрасните, бездомните, луѓето со хендикеп и младите.“
Обемот на планот и тоа што со него треба да се постигне е на ниво на политиките кои ги воведува Новиот договор на Рузвелт со цел справување на Големата депресија, па од таму и инспирацијата за името Зелениот нов договор.