Иста приказна во Солун, УЕФА се прави наудрена

Во првото коло од групната фаза на Лига Европа вечерва Челси со 0-1 го совлада грчки ПАОК чии навивачи одново без проблем ја извадија националистичката парола за Македонија.

Со голот на Бразилецот Вилијан уште во 7’ минута, Челси го преброди гостувањето кај ПАОК и со три бода се враќа за Лондон.

Но мечот на стадионот „Тумба“ одново предизвика реакции затоа што мечот со Челси беше петти по ред сезонава во Европа на кој на централната трибина стоеше огромната парола со политичка конотација.

Овој транспарент кој е и тоа како видлив и на тв екраните редовно стои и на натпреварите кои ПАОК ги игра во домашното првенство. Ако за грчката лига УЕФА се прави дека нема ингеренции да реагира, тогаш зошто изостанува реакција при натпреварите организирани под нивна закрила?

Европската јавност одново вечерва сведочеше на политичка парола за која УЕФА на некои други места изрекува драстични казни:

Од натпреварите од 19 часот, Глазгов Ренџерс предводен од Стивен Џерард направи големо изненадување откако ремизираше 2:2 на гости кај Виљареал кој пропушти две водства. Олимпик Марсеј уште во 3’ минута поведе со 1-0 против Ајнтрахт и имаше играч повеќе по црвениот картон на гостински фудбалер, но на крајот Германците напрација целосен пресврт и со голот на Лука Јовиќ освоија драгоцени три бода.

Големо изненадување направи и Астана која даде два гола во Киев против Динамо и се радуваше на вреден бод. Фудбалерите на Лацио во Рим на „Олимпико“ со 2:1 го победија кипарски Аполон во меч во кој пар првотимци одмораа на клупата за продолжението од Серија А.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО ЛИГА ЕВРОПА:

Група Д

Рапид Виена - Спартак Москва 2:0 (0:0)
/Тимофејев 50 аг, Мург 68/

Виљареал - Глазгов Ренџерс 2:2 (1:0)

Група Х

Олимпик Марсеј - Ајнтрахт Франкфурт 1:2 (1:0)
/Окампос 3 - Торо 52, Јовиќ 89/

Лацио - Аполон 2:1 (1:0)
/Алберто 14, Имобиле 84п - Зелаја 88/

Група И

Генк - Малме 2:0 (1:0)
/Тросар 37, Самата 71/

Бешикташ - Сапрсборг 3:1 (0:0)
/Бабел51, Роко69, Ленс82 - Закаријасен90+4/


Група Ј

Акхишар - Краснодар 0:1 (0:1)
/Клесон 26/

Севиља - Стандард Лиеж 5:1 (2:1)
/Банега8, 74п, Васкез41, Бен Једер49, 70 - Џенперо39/


Група К

Динамо Киев - Астана 2:2 (2:1)
/Циганков 11, Гармаш 45+2 - Аничиќ 21, Муртазаев 90+5/

Рен - Јаблонец 2:1 (1:0)
/Сар 31, Бен Арфа 90+1п - Травник 54/

Група Л

МОЛ Види - БАТЕ Борисов 0:2 (0:1)
/Туоминен 27, Филипенко 85/

ПАОК - Челси 0:1 (0:1)
/Вилијан 7/

20 септември 2018 - 21:58