Пред вечерашниот дуел (21:05), во Солун допатувале 1.400 навивачи на Шалке и веќе синоќа имало инциденти со грчката полиција која што употребила солзавец да растера околу 150 германски навивачи кои нарушувале јавен ред и мир во бар во Солун. Приведен бил и еден навивач од Германија, пишува ЕСПН.
Уште од моментот кога во декември се влечеше ждрепката за новата рунда од Лига Европа и кога се извлече парот ПАОК - Шалке, почнаа тензиите околу нивниот двомеч.
Причина за тоа е поврзаноста на навивачите на Шалке со скопските Комити, поврзаност која што UG (Ултрас Гелзенкирхен) ја искористи да ги испровоцира навивачите на ПАОК при нивниот двомеч пред 4 години.
Тогаш, во Гелзенхикрхен Германците извадија македонско знаме што ги разбесне гостите од Солун. При обидот за физичка пресметка меѓу двете групи реагираше полицијата а епилогот беше: 70 повредени и уапсени ултраси на Шалке. Полицијата тогаш својата прекумерна употреба на сила ја оправдала со ’проценка дека знамето е провокација и ширење омраза’.
Во меѓвреме се појави и веста дека ПАОК ќе ги проверува личните документи при влезот на стадионот и нема да пушти никој со македонски документи или пак македонски обележја со цел да се избегнат инциденти. Од УЕФА велат дека домаќинот нема такво право според нивниот правилник за натпреварување. И реваншот закажан за следната среда во Гелзенкирхен веќе прогласен од претседателката на полицијата во Гелзенкирхен за 'меч од висок ризик'“.
Целата проблематика околу македонското знаме на дуелите меѓу овие два тима ја разгледуваат и германските медиуми. Така реномираниот “Зиддојче цајтунг“ денес пишува:
„И онака зовриената безбедносна состојба е уште покомплицирана поради политичките аспекти. Пријателството на ултрасите на Шалке со навивачите на еден клуб од главниот град на непожелниот грчки сосед Македонија носи нови проблеми. И реваншот закажан за следната среда во Гелзенкирхен веќе прогласен од претседателката на полицијата во Гелзенкирхен за 'меч од висок ризик'.
Во Солун, навивачите на Шалке нема да можат да се сретнат со своите македонски пријатели, оддалечени само 240 километри. На македонските државјани им е забранет влез на стадионот. Навивачките групи на Шалке ја критикуваат забраната како 'расистичка', и бараат од нивниот клуб да вложи жалба. Но таму (во раководството на клубот Шалке, н.з.) се плашат дека одредени навивачи би можеле да бидат предизвикани на симболични акции со опасни последици“, пишува „Зиддојче цајтунг“.