Исповед на навивач на ПАОК кој е редовен учесник во тепачки

Анонимниот навивач го бодри ПАОК, а жената со која го дели креветот навива за Олимпијакос. Учеството во тепачка вели дека знае да делува релаксирачки, ама ако се одвива на право место. Најголемата глупост која ја направил е кога скршил шише од главата на еден навивач, од кој потоа добил извинување.

Кога прв пат си влетал во срање затоа што си навивач на ПАОК?

Тоа беше во средно со едни “Марсовци“. Така ги викаме навивачите на Арис од Солун. Се тепавме поради кошаркарски натпревар бидејќи во тоа време Арис му беше единствен ривал на ПАОК. Не се сеќавам како точно дојде до тепачката, само знам дека подоцна еден од нив стана навивач на Олимпијакос.

Дали некогаш си размислувал за бесмисленоста на тепачките и правењето толку штета само затоа што твојот клуб игра против друг?

Да, посебно кога не сум ниту во близина на мечот, на работа или во бар. Ме напалија еднаш додека пиев пијачка со другарите. Тоа е глупаво и не испадна толку лошо на крај затоа што на типот кој ме нападна, успеав да му објаснам дека барот не е вистинското место за тепање и дека треба гневот да се чува за на натпревар. Обично учеството во тепачка делува релаксирачки, ама само ако се случува таму каде што треба.

Зошто воопшто се вклучи?

Кога бев млад татко ми не носеше на натпревари на нашиот локален клуб кога играше против ПАОК и немав појма дека постои таков вид на навивање. Ме освоија енергијата, слоганите и извиците и едноставно се наежив од целата таа атмосфера.

Што е најлошото што си му го направил на навивач од спротивниот тим?

Се сеќавам на една вечер кога со другар седев на пијачка, а веднаш до нас седеа навивачи на друг клуб и почнаа да извикуваат слогани. Запалија и бакљи и јас не знаев што се случува се додека не ме удрија со нешто по што паднав на земја. Кога станав видов дека и мојот другар е на земја, а четворица го шутираа. Во тој момент воопшто не размислував, грабнав празно шише и се стрчав кон нив.

Пред да стигнам до нив, типот кој ме удри повторно се појави пред мене и јас со шишето го удрив по глава. Бидејќи не се скрши, го удрив два пати, а тој крвареше и јас за момент се скаменив. После тоа избегавме со другарот бидејќи газдата викна полиција. Најчудно од се беше што следниот ден истиот тип некако нашол број од мене и ми се јави да ми се извини за сè. Така заврши тоа. Тоа беа старите добри времиња.

Дали некогаш си кркал сериозен ќотек?

Ме тепале и сум тепал, но никогаш со оружје, туку само со песни. Иако кога размислувам за тоа, само телото може да биде ужасно добро оружје. Еднаш еден тип ми удри глава и ми скрши нос.

Можеш ли да имаш било каков однос со некој кој навива за друг клуб или тоа завршува со крв и солзи?

Се разбира дека можам. Кога ќе запознаам луѓе кои сакаат иста музика како јас, воопшто не ми е важно за кој клуб навива. Малку се шегуваме кога нечиј клуб ќе загуби, но тоа е најдалеку што одиме. Женет сум со навивачка на Олимпијакос, но таа не ми се меша во тие ствари. Само вели дека нејзиниот тим секогаш бил и ќе биде најјак. Кога гледа дека ќе загризам, се повлекува.

Замисли дека се наоѓаш во голема тепачка и неочекувано гледаш твој другар кој навива за ривалите. Што ќе му направиш?

За среќа тоа уште се нема случено. Се разбира дека имам пријатели кои навиваат за други клубови и претпоставувам дека тоа доста би зависело од нивното однесување. Би било комплицирано се разбира.

Можеш ли да се сетиш на најголемата штета која си ја направил?

Мислам дека тоа беше кога во една прилика тргнавме да го бараме типот кој малтретираше дете од нашата екипа. Требаше да биде во еден бар, но кога стигнавме таму го немаше и веќе кога бевте таму го растуривме барот.

Кои непријатели најмногу ги мразиш?

Најлоши според мене се „Марсовците“, на нив не може да им се верува и само ломотат и шират пропаганда. По нив следуваат навивачите на Олимпијакос.

Како изгледа твојот најлуд навивачки ден?

Еден ден после натпревар во ПАОК заминавме во Солун на кошаркарски натпревар знаејќи добро дека нема да не пуштат да влеземе. Кога стигнавме видов други од нашите кои буткаа контејнери и се подготуваа да ги палат по што знаев дека тоа ќе биде долг ден. Продолживме да се кошкаме со џандарите и мислам дека тепачката траеше околу два часа. Потполно го растуривме центарот на градот. Се сеќавам дека бев во средина од гужвата, баровите беа цели со стакло, сите фрлаа со саксии и жардињери.

Виа

1 март 2017 - 16:12