Хаос во Солун, гореа улици поради Олимпијакос

Само што стигнаа до шанса после икс години да ја освојат титулата, фудбалерите на ПАОК би можеле да пропатат поради глупостите на нивните навивачи.

После 22 одиграни кола во грчката фудбалска Супер лига, ПАОК е прв со 52 бода, 6 повеќе од големиот ривал Олимпијакос. Таква ситуација во пролетниот дел од сезоната немало можеби повеќе од една деценија. ПАОК е во страшна серија од 15 победи по ред во сите натпреварувања и кога сите очекуваат мирно да плови до толку посакуваната титула, во Солун очекувано направија глупост.

Во неделата вечер требаше да се одигра дербито ПАОК - Олимпијакос во Солун, но мечот го прекинале поради тоа што гостинскиот тренер Оскар Гарсија бил погоден со ролна за фискална сметка во лицето, се пожалил на расекотина и го однеле во болница.

„Дојдоа овде со цел да не го одиграат мечот. Нè провоцираат веќе 30 години“, бесно изреагирал Кирјакос Кирјакос од управата на ПАОК.

Главниот судија и делегатот го одложиле мечот на два и пол часа, а кога информацијата стигнала до трибините почнал хаосот. Навивачите на ПАОК беснееле на стадионот и надвор од него. Се судриле со полицијата и направиле огромна материјална штета. Некои од нив отишле дури и до болницата каде барале од лекарите извештај за состојбата на тренерот на Олимпијакос.

На ПАОК сега му се заканува мечот да биде службено регистриран во корист на Олимпијакос (0:3), парична казна од 90.000 евра и два меча без присуство на публика.

На улиците на Солун имало нереди цела вечер:

 

26 февруари 2018 - 11:50