Во сезоната 2010/2011, на средина на летото 2010-та година грчкиот претставник во квалификациите за Лига на шампиони ПАОК за противник го доби Ајакс.
Мечот во Амстердам заврши 1-1, реваншот во Солун 3:3, па Холанѓаните отидоа понатаму поради повеќе голови на гости.
Грчкиот клуб немаше к’смет ниту на ждрепката во 2016-та година кога постоеше можност да им се паднат далеку поподносливи противници (Стеауа, Јанг Бојс, Спарта Прага, Ростов, Андерлехст итн.), ама им го извлекоа Ајакс.
И пак како шест години претходно, првиот меч заврши 1-1, а на реваншот, после 88’ минути игра резултатот беше 1-1, а кога требаше да се стигне до продолженија, Класен постигна гол кој го однесе Ајакс во Лига на шампиони.
Минатата година ПАОК налета на Бенфика и на првата средба на гости извади 1-1 во Лисабон. Се понадеваа Грците, ама после 8 дена, Бенфика ги прегази со 1-4 во Солун и отиде во следната рунда. Денес во седиштето на УЕФА се влечеа паровите и потенцијалните парови за 3. рунда од квалификациите во новата сезона во Лигата на шампионите.
На ПАОК му се падна Ајакс. Првиот меч е во Солун на 6 август, а реваншот во Амстердам седум дена подоцна. Ваквиот епилог на ждрепката „ги принуди“ луѓето од грчкиот клуб да твитнат: „Драга УЕФА, следниот пат извлечи ги сите други тимови, а нас директно со Ајакс“
Dear @ChampionsLeague next time draw the rest of the teams and appoint us against @AFCAjax directly!! #UCLdraw pic.twitter.com/365NUyYjHT
— PAOK FC / ΠAOK (@PAOK_FC) July 22, 2019
Дали грчкиот клуб ќе има трета среќа или полуфиналистот на Лига на шампиони кои суреди екипи како Реал Мадрид и Јувентус ќе ја оправда фаворитската улога, останува да се види.