Пике немоќен во „Ел Класико“

Одбранбениот играч на Барселона доби вистинска лекција во играта ФИФА 2013 од светскиот шампион Алфонсо Рамос кој настапи со тимот на Реал Мадрид, а Пике се разбира ја одбра екипата каде што настапува. Конечниот резултат заврши 3:1 за Кралевите.

Алфонсо неколку пати му покажа на фудбалерот на Барса зошто е светски првак и успеа со голман да постигне погодок, а Пике заработи црвен картон. Поразот на својот клуб со насмевки го проследија Меси и Иниеста. Настанот се случи во Нион пред да се додели наградата Златна топка 2012 која отиде во рацете на Лео Меси.

30 јануари 2013 - 18:10