Математиката е дека ако имаш син во САД, имаш еден спрема седум шанси дека тој ќе биде дијагностициран со ADHD. Ако ова се случи на него ќе му биде препишан стимулант (Риталин, Адерал), кој треба да се справи со оваа состојба. Според "потенцијалот за создавање физичка и психичка зависност" DEA ги класификува овие лекови во иста група со кокаин и метамфетамин.
"Замисли имаш 6-годишен син. Мало дете за кое тие си одговорен. Мало дете за кое би примил куршум... Мало дете кое би направило се' за ти да бидеш среќен. Сега замисли дека ова мало дете - твоето мало дете - навечер само во својот кревет, со очи полни страв, преплашен да мрдне, со непознат и страшен глас кој му одѕвонува во неговата глава, се плаши да те побара. Замисли го како се тресе бидејќи нема јадено цел ден, затоа што не е гладен. Главата му пулсира. Не знае зошто ова се случува.
Сега замисли дека тој вака страда заради грешка. Бидејќи доктор го проверил само 12 минути, го погледнал прашалникот на кој чекирал неколку коцки, го ислушал вашиот краток и матен извештај за тоа како не можел мирно да седи во градинка, и направил дијагноза за пореметување што момчето го нема и напишал рецепт за силен лек што на него не му треба," пишува Рајан Д'Агостино во априлското издание на Ескваер.
Од 2003-та до денес бројот на дијагностицирани случаи на ADHD е пораснат за 42%. Машките е 2 пати поверојатно да бидат дијагностицирани со ADHD во споредба со жените. Додека да стигнат средно училиште, секое 5-то машко ја има оваа дијагноза.
Во изминатите триесетина години комплетно се менуваат навиките кај докторите и родителите. Во 87-ма сосема ретко некој решава на дете да му даде Риталин. Денес истиот лек е дифолтен метод за справување со "проблематични деца."
Произволноста на дијагностицирањето на ADHD ја анализира студијата "Influence of Relative Age on Diagnosis and Treatment of Attention-Deficit/Hyperactivity Disorder in Children," во која учествуваат речиси 1 милион деца на возраст од 6 и 12 години. Студијата покажува дека децата кои се родени во декември е 41% поверојатно да им биде дијагностициран ADHD отколку кај оние родени во јануари.
Правилата за ова докторите ги добиваат од книгата Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders (од 52-ра ја издава American Psychiatric Association). Во последното издание и дополнување тие ја подигнуваат возраста на која може да се дијагностицира ADHD, од 7 на 12 години.
Кога излезе првиот драфт од најновиот DSM, Лиза Косгров (клинички психолог, професор на Универзитетот во Масачусетс и стипендист на Центарот за Етика на Харвард), ја критикува докторската заедница заради поддршка на упатство кое на големо ги игнорира нуспојавите и промовира постојано додавање на симптоми и проблеми: "Дојде време да се размисли дали треба да се продолжи да и се верува на АПА, која е сериозно финансирана од фармацевтската индустрија, да вади нови ревизии на прирачникот."
"Дел од проблемот е субјективноста и моќта на култура која се има помирено со решенија базирани на лекови. Децении истражувања се потрошени во обид да се дефинира пореметување на клинички начин, а сепак крајната дијагноза (син ти има ADHD) е комплетно субјективна. Осигурителните компании не им надоместуваат или да ги наградуваат докторите за времето што го минале во детална работа потребна за давање соодветно мислење," пишува Д'Агостино.