Таг: фудбалска репрезентација на шпанија

Ликот на Васкез кога дозна дека го викнале на Европско

Роден во Куртис, Галиција, Лукас Васкез на 16 години доаѓа во младинската школа на Реал Мадрид во 2007. година. По настапите за вториот и третиот тим на Реал играше и како позајмен во Еспањол лани, а сезонава дебитираше за Кралевите во септември. Дел Боске го стави на списокот патници за ЕП во Франција, а еве како изреагира кога му кажаа.

Шпанија може да состави три репрезентации

Ако на Европското првенство е дозволено селекторот да може да понесе 33-ца, тогаш Дел Боске веќе ги има. Тој не треба да ги одбира, ете му ги на тацна, на секоја позиција има по тројца играчи кои може да играат за репрезентација. Па дајте некој наваму бре, што ќе ви се волку.

Неизвесната сторија меѓу Ел Нињо и шампионската Валенсија во 2001-ва

Поради сериозни финансиски проблеми, контроверзниот газда на Атлетико Мадрид, Хесус Хил го дал малиот Торес како залог за позајмицата која што ја добил од Валенсија. На крајот, Торес некако останал на Висенте Калдерон каде е симбол на клубот.

10 најдобри воспитаници на Атлетико Мадрид

Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.

Шпанија во Брисел чувана како Израел

Една од поинтересните средби утре ќе биде пријателската меѓу Белгија и Шпанија. Црвената фурија во Брисел допатува под опсежни мерки на безбедност, по што луѓето се прашувале да не играат со Израел а не со Шпанците?