Шпанија може да состави три репрезентации

Ако на Европското првенство е дозволено селекторот да може да понесе 33-ца, тогаш Дел Боске веќе ги има. Тој не треба да ги одбира, ете му ги на тацна, на секоја позиција има по тројца играчи кои може да играат за репрезентација. Па дајте некој наваму бре, што ќе ви се волку.

Селекцијата на Шпанија која ги освои претходните два Еврошампионати во 2008-ма и 2012-та, а меѓу нив и Мундијалот во Јужна Африка во 2010-та стана првата репрезентација која успеала да стане Европскит првак два пати по ред.

Како стојат работите со нивниот состав, тие се меѓу главните фаворити и за хет-трик. Но селекторот Висенте Дел Боске пред ЕП 2016 ќе има еден проблем, а тоа е кои 23-ца играчи да ги одбере.

ГОЛМАНИ

Една од најголемите дилеми на Дел Боске ќе биде кој голман да биде стартер во Франција. Давид Де Хеа последниве три сезони брани подобро од Касиљас, но киксовите за Порто не мора да значат клупа за искусниот чувар на голот кој беше незаменлив на претходните големи првенства. Трета опција веројатно ќе биде младиот талент од Севиља, Серхио Рико.

ОДБРАНА

Речиси е невозможно да се најде која друга селекција во светот има толку добри опции за десната бековска позиција. Хуанфран има одлична сезона со Атлетико Мадрид, а алтернативи се и Аспиликуета од Челси, Марио Гаспар од Виљареал и Хектор Белерин од Арсенал. Кандидат за лев бек е Жорди Алба, потоа тука е Хуан Бернат од Баерн, а на таа позиција може да се префрли и Аспиликуета.

Најискусни стопери на Дел Боске му се Рамос и Пике, a тука се и резервата на Барселона Марк Бартра кој може да игра со Хави Мартинез од Баерн. За место во авион накај Франција ќе се борат и Иниго Мартинез од Реал Соседад, Микел Сан Хозе од Атлетик Билбао и Раул Албиол од Наполи.

СРЕДЕН РЕД

Тоа што Чави и Чави Алонсо се повлекоа од репрезентација, не е никаков проблем за селекторот кој ги има Бускетс и Иниеста како стартери, а тука му се и Коке, Фабрегас, Тијаго Алкантара, Санти Казорла и Иско. За среден ред опции се и Бруно Сориано од Виљареал, Серхи Роберто од Барселона и Саул Нигуез од Атлетико.

НАПАД

Исто како на голманската позиција, Дел Боске ќе треба да одлучи кој ќе му го води нападот. Формацијата со “лажна“ деветка од претходните првенства веројатно сега нема да ја практикува и ќе мора да се одлучи за еден шпиц.

Пако Алкасер од Валенсија е одлична опција со оглед на неговата голгетерска форма, но има јавна врева и за ветеранот од Атлетик Билбао, Ариц Адурис. За разлика од нив сезонава во ЛШ со Јуве одличен беше Алваро Мората, а повик ќе очекува и Диего Коста.

Ништо посиромашни не се и крилните напаѓачки позиции. Во квалификациите стандардни беа Давид Силва и Педро, а на голема минутажа ќе се надева и Хуан Мата кој цела сезона е првотимец за Манчестер. Замена за Педро може да биде Нолито кој игра во форма за Селта.

Оди исфрли 10 души да те видам