10 најдобри воспитаници на Атлетико Мадрид

Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.

Вториот тим на Атлетико - Атлетико Б игра во четвртата шпанска лига и служи како отскочна даска и ги поврзува академијата и првиот тим. Типично, играчите 2-3 години се праќаат на калење во вториот тим за да стекнат искуство во пеколна конкуренција, а потоа кога ќе созреат заработуваат договор со првиот тим.
 
Со ваквиот систем се развија фудбалери како Коке, Габи, Давид Де Хеа, Оливер Торес и многу други кои станаа стандардни шпански репрезентативци.
 
Кои се најпознати воспитаници на академијата на Атлетико Мадрид?
 
Раул- деби во 1994. година

Можеби ви изгледа чудно, но легендата на Реал Мадрид својата кариера ја започнал во школото на најголемиот ривал од соседството. Раул бил дел од младинскиот тим на Атлетико кој бил расформиран во 1992. година. Раул Гонзалес тогаш преоѓа во Реал Мадрид каде што направи беспрекорна кариера. Со Лос Бланкос освои 16 трофеи меѓу кои 3 ЛШ и 6 титулу во Ла Лига. Рекордер е по бројот на настапи за Реал Мадрид каде важи за икона.

Давид Де Хеа- деби во 2009. година

Сегашниот број 1 во Манчестер Јунајтед ја почна својата кариера во Атлетико Мадрид на 13. години. Де Хеа дебитираше за првиот тим на Јорганџиите на неполни 18 години, кога главниот голман Роберто се повреди на мечот од баражот за ЛШ против Порто во 2009. година. После 3 дена, малиот Де Хеа дебитираше и во Ла Лига против Реал Сарагоза каде се прослави со одбраните и потоа не го сменија од стативите.

Репрезентативниот голман на Шпанија бранеше и во финалето на Лига Европа кога Атлетико го победи Фулам, а една година подоцна се пресели во Манчестер со кој 2 пати ја освои Премиер лигата.

Фернандо Торес- деби во 2001. година

Малку е познато дека Ел Нињо (Малиот) ја започнал кариерата како голман на 7-годишна возраст. Во Атлетико дошол во 1995. година кога имал 11 години а првиот договор со клубот го потпишал на 15 години. Дебитирал на 17 години против Депортиво Легањес, а една недела подоцна станал најмладиот дебитант во Примера против Албасете. Од тогаш го носи прекарот Ел Нињо.

Торес е легенда на клубот од Висенте Калдерон. Благодарение на него Атлетик се врати во Ла Лига по неколку сезони во Сегунда. Подоцна играше во Ливерпул и Челси со кој ја освои ЛШ во 2012. година. Торес беше дел од шпанското семејство кое од 2008. до 2012. освои се што можеше да се освои. По кратката авантура во Милан, во 2015-та се врати во родниот клуб.

Коке - деби во 2009. годинаМу се придружил на Атлетико на 8-годишна возраст, а дебито за првиот тим го имаше на 17 години кога црвено-белите загубија од Барселона 5-2. Со текот на времето стана главен играч во средниот ред на Диего Симеоне и со 21 година зад себе има повеќе од 100 настапи за клубот. Коке ја освои и Ла Лига, а играше и во финалето на ЛШ во сезоната 2013/2014.

Два пати ја освои Лига Европа, два пати Супер Купот и еднаш Копа дел Реј. Во 2013. година го освои Европското првенство за играчи до 21 година и од тогаш е дел од сениорската репрезентација на Шпанија.

Мората - деби во 2010. годинаКако и Раул, и Мората ја започнал својата кариера во младинците на Атлетико Мадрид во 2005. година. Неколку години играл за Атлетико Мадрид Б, а набрзо одлучил да го напушти клубот и се пресели во Гетафе. Следуваше премин во Реал Мадрид каде беше во сенка на Карим Бензема, но и покрај тоа играше добро.

Тоа беше основа за трансферот во Јуве каде ги прикажува сите своите вештини и многумина го сметаат за прав наследник на Фернандо Мориентес. Во своето портфолио веќе има инспиративен список на трофеи: Лига на шампиони, Ла Лига, шпански Куп, Серија А и италијански Куп.

Габи- деби во 2004. годинаГаби е роден во Мадрид и на Атлетико му се приклучил како дете. Напредувал во младинските категории, а подоцна дебитирал за првиот тим во 2004. година против Валенсија на Местаља. На почетокот на 2007. година клубот го продаде во Реал Сарагоса за 9 милиони евра, но клубот испадна во втората лига.

После 4 години од продажбата, Атлетико реши да го врати својот ученик. На почетокот на сезоната 2012/2013, Диего Симеоне го назначи за капитен на екипата. Како лидер на тимот, Габи ги водеше соиграчите до триумф во Копа дел Реј а подоцна и до првата титула во Ла Лига од 1996. година.

Марио Суарез - деби во 2005. годинаВо 1999. година за првпат истрчал на терените на младинците на Атлетико, а во 2004. година го префрлија со сениорите. Следната 2005. година дебитираше против Севиља кога влезе од клупата во продолженијата. Во периодот од 2006-2008, Марио Суарез смени два клуба - Ваљадолид и Селта Виго. Од Виго замина за Мајорка и по две години повторно потпиша со Атлетико кој активираше клаузула во неговиот договор да може да го врати за пониска цена.

Суарез се врати на Висенте Калдерон во 2010. година и го освои европскиот Супер Куп, Ла Лига и Копа дел Реј. Во текот на летото 2015. година се пресели во Фиорентина.

Антонио Лопез, деби во 2000. годинаАнтонио е роден во местото Бенидорм, а како дете го запишале во академијата на Атлетико Мадрид. Во 1999. година е префрлен во Атлетико Б, а година дена подоцна заигра за првиот тим на мечот против Кордоба. Во 2002. година Шпанецот одлучиу да се пресели во Осасуна каде играше 2 сезони, но имаше проблем со нередовните настапи.

Се врати меѓу своите на Калдерон, каде во 2008. година ја доби капитенската лента. Во 2009/2010 го предводеше Атлетико до пехарот во ЛЕ каде славеа 2-1 против Фулам. Неколку месеци подоцна загуби од Интер во Супер Купот 2:0. Лопез беше дел и од тимо кој го совлада Атлетик Билбао во финалето на ЛЕ во Букурешт.

Роберто Солозабал, деби во 1989. годинаДипломирал фудбалски на Академијата на Атлетико и во 1987. година се преселува во вториот тим. Неговото деби за сениорите беше на 2. септември 1989. година во триумфот против Валенсија. Во 1992. година Солозабал беше повикан во репрезентацијата.

Беше дел од тимот на Радомир Антиќ кој во сезоната 1995/1996 година ја освои Ла Лига а го креваше пехарот и во Копа де Реј во 90/91, 91/92, 95/96.

Хуан Мануел Лопез, деби во 1991. година

За Лопез може да се каже дека бил верен на клубот од почеток до крај. Ја минал целата 13-годишна кариера на Висенте Калдерон каде почнал како дете. Неговиот агресивен и борбен стил на игра го доведе до државниот тим а играше и на Олимписките Игри каде Шпанија триумфираше. Меѓу навивачите бил популарна и омилена личност а го викале Супер Лопез за неговата исклучителна храброст во одбраната.

Оливер Торес, деби во 2012. година

Ако зборуваме за иднината на Атлетико која дошла од академијата, би било непристојно да не го споменеме Оливер Торес. Младиот играч од средината на теренот не е само најталентиран играч на Висенте Калдерон, туку и во цела Шпанија. Многумина веруваат дека во иднина ќе биде клучен играч за тимот.

Во 2008. година дошол во академијата кога имал 13 години. Таму играл 4 години, ги подобрил своите вештини а на 19. август 2012. година дебитираше за првиот тим како замена. Во сезоната 2014/2015 покажа што може да направи како играч на Порто. Постигна 7 голови и 10 асистенции на 40 натпревари.

Диего Лопез реши да го врати годинава од позајмица и му го даде значајниот број 10. Уште еден играч кој многу ветува е Сол Нигуес кој на 17 години дебитираше за сениорите против Бешикташ.