Најголемиот пораз на Шпанија на домашен терен се случил на 13 јуни 1963-та на пријателски меч против Шкотска. Конечниот резултат на натпреварот одигран на Сантијаго Бернабеу завршил 2:6.
27 години потоа, шпанската фудбалска репрезентација на 13 јуни го имаше првиот настап на Светското првенство во Италија 1990. Се сретна против Уругвај, меч кој заврши без голови. Уругвајците утнаа пенал.
Нов меч на еден Мундијал повторно на 13 јуни, овој пат на Светското во Франција 1998. Головите на Јеро и Раул не беа доволни за победа против Нигерија која изненади со 3:2.
По две години, на ЕП 2000 Шпанија на 13 јуни беше шокирана од Норвешка со 1:0.
Најсвежи им се сеќавањата од СП 2014 кога имаа ужасен старт и како Европските прваци две години во низа беа елиминирани уште од групната фаза. Првата средба ја одиграа против Холандија на 13 јуни кога пукна петарда. 5:1 за Лалињата.
Скорот на Шпанија на 13 јуни им е едно реми и четири порази. Типувај ја на Типстер против Чешка.