Фернандо Торес на 19 години стана најмладиот капитен во историјата на мадридски Атлетико. Малку фалело ова да не се случи бидејќи во 2001. година, талентираниот напаѓач за малку не го облекол дресот на Валенсија поради проблемите на тогашниот претседател на Атлетико, Хесус Хил.
Во март 2001. година Ел Нињо (Малиот) наполнил 17 години, а веќе во април ја претставувал репрезентацијата на Шпанија на Европското за играчи до 16 години во Англија (според правилата, го почнал циклусот на 16 и имал право на настал). А таму на 6 меча дал 7 гола и станал најдобар стрелец на турнирот. Во финалето Шпанците ја победиле Франција со 1:0, а голот од пенал го постигнал токму Торес.
Идниот херој на финалето на Евро 2008-ма година во Австрија и Швајцарија (Шпанија го освои), се вратил со јуниорската селекција во Мадрид како најдобар играч.
Во Атлетико во тоа време имало тешки маки со финансиите, клубот западнал во сериозна финансиска криза. Тогашниот претседател на клубот, легендарниот Хесус Хил пронашол решение кое било во потполност со неговата личност и карактер.
За време на своето владеење, немало ден Хесус Хил да не направи циркус, па така доаѓал на прес-конференции со врзан крокодил, често ги цитирал генералот Франко и Че Гевара. Го судеа поради изјавата дека Ајакс е тим на гомила глупави црнци. Беше во затвор 18 месеци наместо 17 години поради финансиски малверзации, а во тоа време му пропаднале рестораните, компаниите, зградите (починале 58 луѓе вработени во неговите фирми).
Хил го барал излезот од пропаста во продажба на најдрагоцениот бисер во Валенсија. „Јорганџиите“ добиле заем за решавање на проблемите од 450 милиони пезети околу 2,7 милиони евра, а како гаранција го сакале младиот напаѓач.
Договорот бил дека доколку Атлетико Мадрид не го врати заемот до 1. јули 2001. година, 17-годишниот Торес ќе стане играч на Валенсија.
На 11. мај претставниците на Атлетико издале соопштение дека тие никому и никогаш не ги пренеле правата на играчот и дека Фернандо Торес, најдобриот играч на јуниорското ЕП ќе оди на подготовки со екипата.
Неколку дена подоцна, на 16. мај како ништо да не се случило, клубот соопштил дека износот е платен и дека напаѓачот останува во матичниот клуб. Валенсија излегла со друга приказна, дека играчот е нивен. Истовремено, Торес сакале да го купат и Јувентус, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но дури и тие се плашеле од откупната сума во договорот на Торес која стоела на 60 милиони евра. На тој начин идниот светски и европски шампион, освојувач на Лигата на шампионите и Лига Европа бил само даден како залог, клубот успеал да добие бескаматен кредите, ја подобрил финансиската положба и на крајот не го пуштил Торес никаде.
Синоќа на мечот Валенсија - Атлетико Мадрид 1-3, токму Ел Нињо (300-ти настап за Црвено-белите) беше стрелец на едниот од головите со кои Јорганџиите ги однесоа трите бода од Месталја.