Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.
Поради сериозни финансиски проблеми, контроверзниот газда на Атлетико Мадрид, Хесус Хил го дал малиот Торес како залог за позајмицата која што ја добил од Валенсија. На крајот, Торес некако останал на Висенте Калдерон каде е симбол на клубот.
Секој економски крах со себе повлекува и барање за отпис на долговите. Приходите со чија помош требаше да ги вратите кредитите, исчезнаа, додека имотот ставен под залог изгуби вредност. Доверителите го бараат своето, должниците бараат помош.
Колку светскиот банкарски систем е фактап сведочи новиот контроверзен систем за итно кредитирање на мали бизниси во Британија. Ни хартии, ни жиранти, ни процедури. Парите ги добивате за 15 минути. Каде е трикот? Годишна камата - 4.200 проценти.