Малите бизниси на кои за опстанок очајно им требаат нови пари можат лесно да подигнат пари од сервисот Wonga.com.
Се даваат до 10.000 фунти, аплицирањето трае 12 минути а парите легнуваат во период меѓу 15 минути и 24 часа.
Каматите се крвожедни, на годишно ниво изнесуваат 4.200 посто. Управата на Вонга вели дека никој нормален не би требало да плaти толку бидејќи се работи за краткорочни позајмици чија поента е бизнисот да премости неколку битни дена или недели.
За почеток, сервисот е ограничен на "помагање" бизниси кои се стари најмалку три години и имаат минимален годишен обрт од 20.000 фунти.
За високоризичните пласмани, Вонга наплаќа камата и до 5 проценти неделно.
Економистите велат дека појава на Вонга е симптом за неуспех на целиот банкарски сектор да ги поддржи малите бизниси во земјата.
На островот рикнуваат по 70 фирми. Дневно. Mинатата година, на една третина од апликантите од секторот на малиот бизнис не им биле одобрени бараните креди.
Големите банки се претпазливи бидејќи во кредитирањето на стопанството, од ноември 2008-ма до март 2012-та сега прокнижиле минус од 96,5 милијарди фунти.
Тоа им отвора пат на сервиси како Вонга да го искористат очајот и да понудат брзи пари за огромен профит.