Во минатото, дресот на Шпанија го носел дедо му Маркитос - легенда на Реал Мадрид. За ’кралскиот клуб’ стариот Маркитос играл дури 9 сезони и пет пати го освоил Купот на Европските шампиони (денес Лига на шампиони). Во дресот на „црвената фурија“ Маркитос Алонсо се појавил на три големи првенства но настапил само на два меча.
Татко му на Маркос, Маркос Алонсо Пења играл за Атлетико Мадрид и Барселона. Во репрезентацијата немал некоја значајна улога, но собрал ни повеќе ни помалку - 31 настап.
Последниот член, внукот и син, Маркос Алонсо е роден на 28. декември 1990 година. Има 27 години. Кариерата ја почнал во Реал Мадрид каде ги поминал сите младински категории а на 4. април 2010 година првпат заиграл за првиот тим кога влегол од клупата за резерви место Гонзало Игуаин во 90’ минута од мечот против Расинг Сантандер на гости.
Одличниот лев бек не се снашол во пеколната конкуренција на „Сантијаго Бернабеу“ па од Шпанија реши да се проба во Англија. Потпиша со Болдон каде играше две сезони (35 меча, 5 гола). Од Островот, патот го однесе во Италија каде одлично се снајде во Фиорентина (58 меча, 4 гола).
По кратката позајмица во Сандерленд, Маркос Алонсо во 2016-та го направи најголемиот трансфер во кариерата, дојде во Челлси каде е незаменлив на левата бековска позиција.