Фудбалската династија Алонсо го има и третиот претставник кој ќе го носи дресот на репрезентацијата - Маркос Алонсо, левиот бек на Челси којшто доби повик од селекторот на Фуријата, Лопетеги.
Бразилецот Марсело не само што достојно го замени легендарниот Роберто Карлос по левата страна на Реал, туку и го надмина по многу нешта. Ретко кој лев бек има таква техничка поткованост како него.