Шпанија и Шведска синоќа одиграа 0:0. Компир. И тоа внимавајте после каква статистика.
Момците на Луис Енрике оствариле неверојатни 953 додавања, што е рекорд од 1980-та година, односно откако се брои овој статистички податок. Швеѓаните пак само 180 пати си ја додале топката.
Само во првото полувреме Црвената фурија имаla 419 додавања, од кои Лапорт имал 62, Торес 61, а Алаба 61, а сите 11 играчи на Шведска имале 59. Поседот на топка 80% во корист на Шпанците.
И не само тоа. Двократниот европски шампион во текот на целиот меч имал 17 удари што е најмногу на едно ЕП и СП после 2010-та.
Но сè е ова џабе, бидејќи Швеѓаните и покрај тоа што се бранеа успеаа да стигнат до бод, па дури и промашија два зицери.