Играч со најмногу освоени светски титули е Пеле, кој е неприкосновен со вкупно три комада. Кристијано Роналдо пак е рекордер со шест учества на ЕП, но знаете ли кој е двократен европски шампион?
Листата ја сочинуваат 14 играчи од кои еден стигна до втората титула синоќа, потоа има и еден Германец и уште 12 Шпанци.
Ако некој мисли дека време му е за пензија, се зезнал. На вториот пехар во Берлин против Англија се радуваше безвременскиот Хезус Навас кој во ноември полни 39 години.
Ветеранот од Севиља не беше во Германија на туристичка прошетка, туку напротив доби минутажа на три натпревари и им се приклучи на славните 12 сонародници кои беа неприкосновени на ЕП 2008 и 2012.
Навас настапи на ЕП 2012, кога Шпанија ја демолираше Италија во финале со 4:0. Со гол во 87-ма минута против Хрватска, на својата земја и ја донесе првата позиција во група. Дебитираше во 2009-та против Аргентина.
Тој е легенда на Севиља со најмногу настапи во која е член од 2017-та, а претходно играше во периодот 2003-2013. Настапи и за Манчестер Сити со кој ја освои Премиер лигата, а со Севиља има 8 трофеи од кои 4 во ЛЕ.
Покрај двете европски титули, ветеранот беше дел и од составот на Шпанија која го освои Мундијалот 2010-та.
Листата на 14 играчи со две титули на ЕП гласи вака:
Хезус Навас, Андрес Иниеста, Чаби Алонсо, Чави, Икер Касиљас, Фернандо Торес, Серхио Рамос, Давид Силва, Пепе Реина, Алваро Арбелоа, Сеск Фабрегас, Раул Албиол, Санти Казорла и Рајнер Бонхоф.