Џабе си подаваа толку кога не можеа да дадат гол

Секоја чест и капа доле за освоените ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012, ама сега сме 2018-та, фудбалот оди напред, технологијата исто и сите јеботе научија да играат фудбал и Мароко и Иран и Јужна Кореја. Не ви проаѓа повеќе тоа на ти ја, дај ми ја и со се топка во гол, кога до пенали стигнавте со помош на автогол.

Селекцијата за која се резервирани фудбалските рекорди веќе една деценија се вика Шпанија. Единствениот учесник во осминафиналето на Мундијалот без пораз на 23 средби, кој последен пат загуби од Италија 2:0 на ЕП 2016.
 
Нивната доминантна и тимска игра со која врзаа три титули по ред продолжи и последниве години. Дали е 1:0 или 5:0 важно победуваа, секогаш со поголем посед на топка од противникот.
 
Во синоќешното осминафинале против Русија стигнаа до нов рекорд и станаа единствена земја со 770 додавања на еден меч во 90 минути, што не се случило откако се бројат рекорди на Светските првенства. Тие додавања во продолженијата се зголемија на преку 1.000.
Претходниот рекорд го држеше Аргентина која против Грција на СП 2010 имаше 703 додавања во групна фаза.
 
Најголем дел од додавањата на Шпанија се на Серхио Рамос кој се истакна со следниот индивидуален рекорд.
Ама што фајде од тоа, кога таа игра не вроди со никаков плод. Впрочем тоа што Рамос толку многу додавал покажува колку Шпанија била опасна во напад.
 
Фуријата ја доминираше Русија со 74% посед на топка, но не постигна ниту еден гол, туку одигра 1:1 со 70-та земја од ранг листата на ФИФА и тоа со помош на автогол.
 
Шпанија си заминува дома со три нерешени средби против Португалија, Мароко и Русија и со една и единствена победа, онаа против Иран, едвај 1:0. 
 
И Фабрегас кој до вчера беше дел од таа нивна тики така игра отворено ги искритикува.
А исто и царот за статуси имаше нешто да каже.