Таг: тики така

Тики така мајтапење со бранови од публика

Акцииште на Гвадалахара од Мексико во ритам со навивачите. Им ја сокрија топката, а стрелецот на крај со сè топка влезе во гол.

Види го ти Мурињо играње тики-така

Често пати за него се велеше дека го паркира автобусот и игра на 1:0, ама еве го фино почна во Рома. 3:1 со Фиорентина, па 0:4 со Салернитана. Голот на Французинот Жордан Верету го изработија до даска, без едно промашено додавање.

Каталонска тики-така во женски стил

Доминацијата на женскиот клуб на Барселона е нереална. Го освоија првенството со максимален скор од 27 победи на 27 кола. Постигнаа 136 гола, а примија само 5. Плус Челси го совладаа 4:0 во финалето на ЛШ. Погледнете ги што работат со топката.

Барселона од Нигерија

Не им го гледајте стадиончето и околината, туку пратете им ја акцијата и завршницата. Со душа ја изиграа. Се гледа дека имаат тимски дух.

Уште се зборува за голот на Порто

Ако треба да се избере гол на сезоната, ама во пост корона периодот по долгата пауза без фудбал, тоа дефинитивно треба да биде оваа убавина на Порто. После таа закржлавеност дома, момците на Серџо Консеисао кои ја освоија титулата, во претпоследното коло одржаа лекција по тимски фудбал.

Да немаше карантин, акцијава немаше да постои

Да бидеме реални, ова со топка не е лесно да го изведеш, а не па со тоалетна. Вежбале бајаги дечкиве.

И вториот тим на Ајакс знае мозок да ти испие

Они играат во втора лига, ама тоа не го менува фактот дека се оси. Погледнете како синоќа му се насукаа пред гол на Нец. Не може да ги пофатиш, како хиени се.  Попара ги направија со неколку брзи потези.

ПЕС е ова или реалноста на Јуве?

Актуелниот шампион на Италија направи еден мангупски трик на својот Фејсбук профил. Од тики-така акцијата против Удинезе во која Дибала и Игуаин се претворија во Меси и Иниеста, направија фора за да се запраша човек дали овој гол се случи на Плестејнш или навистина го видовме во реалноста.

Ракометна акција на Барселона со гол завршница

Каталонците синоќа го пробија бедемот на Гранада дури на 15 минути пред крај и славеа 1:0. Бускетс е Мојсовски, Меси е Миркуловски, Гризман е Манасков. а Видал е Столе. Вака оди тоа.

Ни една ваква акција не направивме

Сè уште е некако горчливо чувството од нашата нетипично куса и неуспешна авантура на едно Европско. Е вакви вкрстувања фалеа како ова на Германците кои синоќа ја совладаа Белорусија и демонстрираа моќна акција во која создадоа играч повеќе. Маестрално одиграно. Со мозок.

Голот за 33 секунди и 15 додавања кој го заобиколи светот

Во шпанската Сегунда Б, Сан Фернандо со 1-3 го победи Рекреативо на гости. Уште не почнат мечот, после една тики-така подобра и од онаа на Пеп Гвариола, Франсис Ферон го отвори резултатот.

Како везе Ајакс, топката му ја крие на противникот

Имаат постигнато 47 гола на 14 средби кои одлично ги возат без пораз. Викендов го намачкаа Хераклес 4:1, а акцијата при првиот гол беше „Дојдете и земете ако можете“.

Швајцарска тики-така во режија на Јанг Бојс

На мечот Сион - Јанг Бојс (3:4) во краток временски период паѓаа голови како дожд. Во 76’ минута при резултат 3:3, гостите прават акција ала Барса а егзекутор е Рожер Асале.

Кога Шпанците ќе ја стават топката во сеф

Поимот доминација во играта на шпанската репрезентација си влече длабоки корени после онаа незапирлива серија од освоени ЕП 2008, СП 2010, ЕП 2012. Во квалификациите за ЕП 2020 имаат 6 победи и 2 нерешени. Дечките не само што не грешат со топка, туку и да сакаш не можеш да им ја земеш.

Најјаката тики така се случи во Полска

Фудбалерите на Висла Краков одиграа толку јака тики така што успеаа да му ја сокријат топката на противникот. Што не им ја земете да ве видам.

Уште едно импресивно видео од играта на Интер на Камп Ноу

Погледнете го ова градење на акција во која Хандановиќ има двајца во своја линија и уште четворица нешто понапред. Умно, без никаква паника, од голман па преку човек на човек стигнаа до другиот гол и за влакно не погодија. Волку поврзан и трпелив Интер не сме виделе од времето на Мурињо.

Кога на Камп Ноу некој ти игра Барселона фудбал

Конте не е ниту Спалети, ниту Мацари. Погледнете каков фудбал игра Интер откако им стана тренер. Имаат 6 од 6 во Италија, а синоќа беа преблиску до 0:2, па и 0:3 уште во прво. Имаа многу зрели шанси, а на моменти личеа како тим со Чави, Иниеста и Меси. Казната им стигна во второ.

Види го ти Сасуоло правење акција

За тие што не знаат, Сасуоло е убава екипа, остајте вие името, плус ефикасни се. Лани постигнаа 53 гола. За споредба (Милан 55, Лацио 56, Интер 57). Го имаат Берарди кој скоро ви го фалевме, ама имаат и одличен тимски дух. Погледне од каква каша излегоа и што одиграа.

Како бе на 12 години играат волку јако?

На таа возраст кога сè уште се далеку од созреани и фудбалски и во паметот, јуниориве на Сити ниту паничат, ниту ја рогаат, туку напротив, погледнете каков рационален и трпелив фудбал играат. Од другата страна немаат пациенти пред себе, туку врсниците на Борусија Дортмунд кои ги напаѓаат со пресинг. Пеп ти оваа работа?

Не бе овие не ја рогаат за жива глава

И покрај тоа што последното коло им беше само проформа, Каталонците не прават исклучоци кога е во прашање нивната филозофија на игра. 2 посто не го есапеа пресингот на Еибар и со само три додавања излегоа од калта. Четвртото веќе беше асистенција за гол.

И без Меси овие си играат мајтап во Шпанија

Фудбалерите на Барселона се на една победа до освојувањето на титулата број 26, инаку осма во последните 11 сезони во кои Реал има само две. Валведере одлучи да го почне гостувањето против Алавес без Меси кој влезе кога веќе беа поставени конечните 0:2.

Акцијава на Бенфика да се предава на факултет

Си биле Меси, Иниеста, Чави, Суарез и Нејмар ама во црвени дресови, оние на Бенфика која синоќа му направи потоп на Национал од 10:0. Па греота е ова да не влезе. Земете да ја урамите акцијава и да врти доживотно како гиф во музеј на некој екран.

Падна гол после најдолга комбинација, а не е Сити ниту Барса

Минатото коло во Бундеслига падна можеби најтикитака голот на сезоната. Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го нокаутираа Шалке на гости во последните пет минути. На вториот гол кој во 90’ минута го постигна Флоријан Нојхас му претходеше 61 додавање.

Објаснувањето на Валдес за тоа дека кај Пеп нема никогаш рогачката

Некој ќе рече дека таа игра со пимплање е здодевна за око, ние ќе речеме дека е најубава, а Пеле во една прилика додаде дека играта со куси додавања е најтешка за имплементирање на терен. Голманот со 21 трофеј во Барса ја раскажува првата лекција со човекот кој најдобро ја практикува.