Во коментарите за Виктор Валдес еден вели вака: Да речеме дека во таа Барселона, доволно беше стол да ставиш меѓу стативите, бидејќи противниците никогаш не ја гледаа топката. Друг па вели вака: Толку беше јака таа Барса, а Валдес слаб што можеа и без голман да играат, бидејќи исто ќе беше.
Џабе јадење толку бабури за голманот кој свесни сме дека не беше ни Касиљас, ни Буфон, ама па не можеш да го спориш и да речеш дека имаше квалитет само за Леганес.
Виктор Валдес доби 12 годишна доверба во еден строг систем на Барселона со која освои 21 трофеј од кои 6 титули во Ла Лига и 3 ЛШ.
Колку и да мислиме или мислите дека е слаб голман, зборуваме за голманот со најмногу настапи во шпанското првенство, кој го урна рекордот на Андони Зубизарета.
Па да го чуеме што барал од него Пеп Гвардиола кога требал да ја спроведе односно да ја почне славната тики – така игра, со која Барса ги направи сите парче.
„Гвардиола ја зема таблата, закачи два магнети од страните на шеснаесетникот, речиси до крајот на аут линијата и ме праша: Знаеш кои се овие? Не, му одговорив.
Ова се нашите двајца централни дефанзивци, акцијата секогаш оди преку нив. Значи секоја акција против секој противник мора да почне од нив.
Јас го погледнав збунето и си помислив, овој е луд, а потоа му одговорив: Ама како ќе ги убедиш, не верувам дека таму ќе сакаат да ја примат. Потоа ми одговори: Немај гајле, јас ќе го средам тоа“.
Упорниот шпански стратег истата шема ја продолжи и откако стана тренер на Манчестер Сити во 2016-та, но и таму има храбри момци со силна самодоверба, како што е Едерсон.
Ова е мечот со Саутемптон одигран на 30 декември
Еднаш неговите играчи му дадоа гол на Јунајтед со 44 додавања. На крајот од видеото има податок кој играч колку пати ја допрел топката.