ХРВАТСКА - ШПАНИЈА 3:5 (1:1)
/Педри а.г. 20', Оршиќ 85', Пашалиќ 90+2' - Сарабија 38', Азпиликуета 57', Торес 77', Мората 100', Ојарзабал 103'/
Трикратниот европски првак Шпанија успеа да се пласира во четвртфиналето по мега дуелот со Хрватска кој ќе се памети уште долго.
„Коцкестите“ поведоа со автоголот на Педри кога голманот Унаи Симон реагираше несмасно. Шпанците се вратија во финишот на првиот дел кога Пабло Сарабија израмни на 1-1.
Во вториот дел Феран Торес маестрално го пронајде Сезар Азпиликуета па и самиот стрелаше за убедлив пресврт од 1-3.
Но Хрватите со неверојатен кам-бек, прво преку сјајниот Оршиќ па со евроголот на Пашалиќ со глава во 90+2' минута израмнија 3-3 и мечот отиде во продолженија.
А таму Шпанците беа поконцентрирани и посигурни и со два експресни гола на Мората и Микел Ојарзабал заслужено славеа 3:5.
5 - Spain are the first side in European Championship history to score 5+ goals in consecutive matches. Scenes. #EURO2020 pic.twitter.com/SAjCjQ9z0o
— OptaJoe (@OptaJoe) June 28, 2021
WHAT DRAMA!
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 28, 2021
🇪🇸 Morata + Oyarzabal = Spain heroes! 👏#EURO2020 pic.twitter.com/VUrZyzghbE