Пред неколку дена на фамозниот шпански навивач Маноло првпат во својата децениска кариера му најавиле дека на натпреварот од осминафиналето против Русија, нема да смее да го внесе тапанот по кој е препознатлив буквално секаде во светот (беше и во Македонија на меч од квалификациите).
Додека им раскажувал на шпанските новинари, Маноло се расплакал од тага. Неговата исповед е трогателна и секого би натерала на солзи:
Manolo se ha quedado sin bombo. Su testimonio, entre lágrimas, pidiendo incluso la intervención de Pedro Sánchez para poder meterlo al estadio en el #ESP - #RUS del domingo #Rusia2018 Vía @pablogsacristan pic.twitter.com/b4eLvGsBcI
— MARCA (@marca) June 27, 2018
Маноло некако се помирил што ригорозните редарски служби не го пуштиле со неговиот верен сопатник, тапанот на стадионот во Калининград, затоа што во Сочи после неколку дена немал проблем. Но пред големиот меч против Русија во Москва тој се плашел дека нема да може го внесе инструментот.
„Мислам дека е неправедно што ми забранија да го внесам тапанот. На десет претходни Светски првенства секаде сум влегувал со него“, вели Маноло во интервју за Marca.
Шпанецот напишал мејл до администрацијата на Путин а од шпанските новинари барал помош да апелираат до владата на Шпанија.
„Некој мора да преземе мерки, па ако треба нека биде и лично премиерот на Шпанија“, не можел да ги додржи емоциите Маноло.
Тој како и шпанската селекција, се сместил во Краснодар и вели дека е задоволен од приемот.
„Јадев во многу ресторани и барови, имате вкусна кујна. Во парковите на Краснодар исто е многу убаво, само што има многу комарци. Кај нас во Валенсија нема толку комарци“, вели легендата.
ШТО БИДНАЛО НА КРАЈ?
Маноло толку многу плачел што ги натажил шпанските новинари кои упатиле официјално барање до ФИФА кое го поткрепиле со видео. После два часа во редакцијата на Marca се јавил извршниот директор на ФИФА Мигел Маседо и побарал телефон од Маноло.
Сè се завршило добро. Маноло во недела ќе може да удира во тапанот и да ги бодри Иниеста, Рамос и другарите на „Лужники“ колку сака.
Маноло е „подвижна легенда“. Тој има 69 години а ова е негово рекордно десетто Светско првенство. Во Русија дал повеќе интервјуа отколку сите играчи на Шпанија заедно. Тој планира ако го послужи здравјето да оди на големите турнири барем до 77 години а потоа ќе оди во пензија. Маноло навива за Валенсија, град во кој држи фудбалски бар.
Фантастичната приказна за него тука.