Сезоната 1999/2000 во фудбалскиот свет ќе остане запаметена по неповторливиот Депортиво Ла Коруња, екипа која на убедлив начин ги тргна од тронот Барселона и Реал Мадрид.
Составен од група на фудбалери кои можеа да играат во било кој клуб, составот од Риазор таа сезона му одржа вистинска лекција на Реал Мадрид и го совлада со убедливи 5:2.
Натпреварот одигран на 6 февруари 2000. година ќе се памети и по неверојатниот потег на Бразиелцот Џалмиња, кој од Кралевите на тој меч направи дворски луди. Најпрвин постигна гол од слободен удар, а потоа асистираше со пета зад грб. За тој потег ретко може да се најдат правите зборови, а уште потешко е да се опише.
Џалмиња во Ла Коруња играше цели седум години и со своите маестрални потези заслужи место меѓу фудбалерите кои се синоним за беспрекорна техника.
Инсертите и головите од мечот Депортиво - Реал Мадрид 5:2
Магичниот потег на Џалмиња: