Еврокуповите се врхунски турнири особено кога во една сезона некој аутсајдер ќе дотурка најдалеку од сите и ќе направи сензација. Таква беше приказната со луцидните Монако и Депортиво Ла Коруња.
Пред 15 години тимот од Риазор се прошета низ Примера и ја освои титулата по голема заслуга на магионичарот од Бразил, кој направи до тогаш невиден потег.
Предводникот на Депортиво во најславните денови на оваа екипа беше фудбалер кој во еден момент важеше за најдобар играч на светот. Повредите и ноќниот живот го спречија да стане уште пославен.