Совршениот дриблинг и фантастичната техника обично одат во комбинација со пргавиот темперамент, карактерна црта која што не му дозволи на еден од најдобрите бразилски техничари во ’90-те години да стане уште поуспешен фудбалер.
1999/2000 важи за незапаметена сезона во Шпанија. Депортиво Ла Коруња ја освои титулата, шпицот на Расинг Сантандер беше прв стрелец а голманот на Алавес Мартин Ерера ја освои наградата Замора за најдобар голман.
Пред 15 години тимот од Риазор се прошета низ Примера и ја освои титулата по голема заслуга на магионичарот од Бразил, кој направи до тогаш невиден потег.