Екипите кои од прва успеаа да стигнат до четвртфинале во ЛШ

Јунаците на Клаудио Раниери кои по сезоната за опстанок во следната го кренаа трофејот во Премиер лига, не се единствен тим кој во дебитантската сезона во ЛШ влегоа во друштво на најдобрите 8. УЕФА нè потсети на уште шест такви примери кои ја изненадија Европа.

МАЛАГА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ 2012/2013

Факти
Благодарение на одличниот трансфер пазар Малага имаше сезона од соништата и покрај тоа што поради скратен буџет Мануел Пелегрини за следната сезона мораше да се откаже од играчи како Санти Казорла и Начо Монреал.

Момент за паметење
Пресвртот против Борусија Дортмунд во четвртфинале на 8 минути до крај. Шпанците сепак беа елиминирани во продолжение откако примија два гола.

Резултати
Групна фаза: Со Зенит 3:0 и 2:2, со Андерлехт 3:0 и 2:2 и со Милан 1:0 и 1:1
Осминафинале: Со Порто 0:1 и 2:0 (вкупни 2:1)
Четвртфинале: Со Борусија Дортмунд 0:0 и 2:3 (вкупни 2:3)

Најпознати играчи
Јавиер Савиола и Иско

Што се случи потоа?
Пелегрини си замина од клубот кој потоа беше исфрлен од Лига Европа 2013/2014 поради финансиски проблеми. Од тогаш Малата нема играно во Европа.

ВИЉАРЕАЛ – ПОЛУФИНАЛЕ 2005/2006

Факти
Мануел Пелегрини беше протагонист и на големиот успех на Виљареал на чија клупа седна во 2004-та. Освен третото место во првенство, тој го однесе клубот и во четвртфиналето од Купот на УЕФА откако две години по ред го освојуваше Интертото Купот.

Момент за паметење
Реваншот во четвртфиналето против Интер на кој целосно доминираше.

Резултати
Групна фаза: Со Манченстер Јунајтед 0:0 и двете, со Лил 0:0 и 1:0, со Бенфика 1:1 и 1:0.
Осминафинале: Со Ренџерс 2:2 и 1:1 (Виљареал отиде понатаму поради гол во гости)
Четвртфинале: Со Интер 1:2 и 1:0 (Пласман понатаму исто така поради гол на гости.
Полуфинале: Со Арсенал 0:1 и 0:0

Најпознати играчи
Санти Казорла, Хуан Рикелме и Диего Форлан

Што се случи потоа?
Виљареал и понатаму играше на меѓународна сцена и во 2009/2008 стигна до четвртфинале. По заминувањето на Пелегрини клубот во 2011/2012 испадна во втора лига, но веднаш се врати и три сезони по ред завршуваше на шесто место.

ДЕПОРТИВО ЛА КОРУЊА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ 2000/2001

Факти
Депортиво во 90-те беше една од најдобрите шпански екипи и во 1999/2000 стана шампион на Шпанија кога го имаше Рој Макај.

Момент за паметење
Пресвртот против ПСЖ по негатива од 3:0.

Резултати
Прва групна фаза: Со Панатинаикос 1:1 и 1:0, со Хамбург 2:1 и 1:1 и со Јувентус 0:0 и 1:1.
Втора групна фаза: Со ПСЖ 3:1 и 4:3, со Милан 1:0 и 1:1 и со Галатасарај 0:1 и 2:0.
Четвртфинале: Со Лидс Јунајтед 0:3 и 2:0.

Најпознати играчи
Рој Макај и Валтер Пандиани.

Што се случи потоа?
Депортиво беше меѓу водечките три екипи во Шпанија се до сезоната 2003/2004 кога успеа да стигне до полуфинале во ЛШ. Потоа учествуваше само еднаш во Куп на УЕФА 2009/2009 и два пати беше во втора лига од каде се враќаше експресно.

ЛАЦИО – ЧЕТВРТФИНАЛЕ 1999/2000

Факти
Компетитивен тим во 90-те и освојувач на Скудетото во сезоната 1999/2000 откако претходно ја загуби титулата во последното коло од Милан. Златната генерација предводена од Свен Горан Ериксон го освои и Купот на Куповите на победниците и Супер Купот на Европа.

Момент за паметење
Четирите гола на Симоне Инѕаги против Марсеј.

Резултати
Прва групна фаза: Со Баер Леверкузен и двете 1:1, со Динамо Киев 2:1 и 1:0 и со Марибор и двете 4:0.
Втора групна фаза: Со Марсеј 2:0 и 5:1, со Челси 0:0 и 2:1 и со Феенорд 1:2 и 0:0.
Четвртфинале: Со Валенсија 2:5 и 1:0.

Најпознати играчи
Хуан Себастијан Верон, Павел Недвед, Алесандро Неста, Марсело Сала, Синиша Михајловиќ.

Што се случи потоа?
Лацио ги продаде своите најдобри играчи поради финансиски проблеми и се врати во Лига на шампиони во сезоната 2006/2007.

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ЧЕТВРТФИНАЛЕ 1997/1998

Факти
Откако го освои второто место за прв пат во 1997-ма и потоа во 2002-ра, Леверкузен дебитираше во ЛШ благодарение на Кристоф Даум кој ги водеше од 1996 година.

Резултати
Групна фаза: Со Лирс 1:0 и 2:0, со Монако 0:4 и 2:2 и со Спортинг 2:0 и 4:1
Четвртфинале: со Реал Мадрид 1:1 и 0:3.

Најпознати играчи:
Јенс Новотни, Улф Кирстен и Карстен Рамелов

Што се случи потоа?
Леверкузен продолжи да игра во Лига на шампиони, а во 2002-ра стигна до финале каде загуби од Реал Мадрид.

ОКСЕР – ЧЕТВРФИНАЛЕ 1996/1997

Факти
Оксер имаше страшно добра одисеја со Гај Ру кој седна на клупата на 1961 година и кој почнувајќи од најниските лиги во 1995/1996 ги направи шампиони на Франција. Нивниот најголем успех на меѓународна сцена беше пласманот во полуфиналето од Купот на УЕФА во 1992/1993.

Момент за паметење
Победата против Ајакс кој во тоа време играше два пати во финалето на ЛШ.

Резултати
Групна фаза: Со Ајакс 0:1 и 2:1, со Ренџерс и двете 2:1 и со Грасхоперс 1:0 и 1:3.
Четвртфинале: Со Борусија Дортмунд 1:3 и 0:1.

Најпознати играчи
Стив Марлет и Лилијан Ласландес

Што се случи потоа?
Оксер се држеше на врвот во француското првенство и имаше две учества во ЛШ 2002/2003 и 2010 и 2011, а освои и два пати Куп на Франција 2002/2003 и 2004/2005. Сепак во сезоната 2011/2012 испадна во втора лига и повеќе не се врати.