Ла Коруња е втор шампион во историјата на шпанскиот фудбал кој испаднал во трета лига. Прв бил Бетис кој во 1935-та година ја освоил Ла Лига а после 22 години стартувал во Сегунда Б. Депортиво во трета лига не играл од далечната 1980/1981.
Во средината на мај клубот го одбележа јубилејот 20 години од сензационалната титула во 2000-та. Тогаш пред 2 децении преку 200.000 луѓе излегоа во центарот на градот да слават.
Депортиво Ла Коруња го освои шпанскиот Кралски Куп во 2002 а играше полуфинале на ЛШ во сезоната 2003/2004. Уште пожално е што Депортиво Ла Коуња пред една година за малку не влезе во Ла Лига (во финалето од баражот ја победија Мајорка со 2-0, ама на реваншот изгубија 3-0).
Во 21:14 во понеделникот (на 46 минути до почетокот на мечот) Ла Лига излегла со соопштение дека мечот Депортиво - Фуенлабрада се одложува а сите други ќе се одиграат.
„Оваа одлука е најдобра за заштита на здравјето на фудбалерите и општо за целото натпреварување“, рекол портпаролот на лигата.
Рајо Ваљекано кој во тој момент беше 7 место, прв реагирал на одлуката да се премести само еден меч. Рајо се бореше за плејоф и пласман во првата шпанска Ла Лига, а за да влезе во првите шест екипи во Сегунда им требало Елче и Фуенлабрада да изгубат.
Но во ситуација кога Албасете и Луго победиле на своите натпревари, тоа автоматски значи дека Депортиво Ла Коруња е во Сегунда Б (трета лига). На Фуенлабрада мечот ѝ бил исто многу важен за пласман во плејофот.
Откако челните луѓе на шпанската лига решиле натпреварот да се одложи поради случаи на коронавирус, се бунеле луѓето од Ла Коруња:
„Натпреварувачкиот дух на Сегунда е нарушен. Мислам дека сите екипи можеа да почекаат три дена и да играат истовремено“, рекол на прес-конференција тренерот на Депор Фернандо Васкез.
Во протестите им се придружиле уште и Елче и Албесете (се спасија од испаѓање во последно коло). Судбината на Депортиво на крај се реши без него: сите ривали кои имаа шанса да се спасат победија или ремизираа на своите натпревари.
Депортиво дури и да го победи одложениот меч, ќе ја стигне Понферадина бодовно но нема да може да ја надмине во зоната за спас зошто двете екипи во меѓусебните дуели имаат по една победа, но Понферадина има подобра гол разлика 3:2.
Покрај Депортиво испаѓаат уште и Нумансија, Екстрамадура и Расинг Сантандер. Во Примера влегоа Уеска и Кадиз а преку плејоф за остварување на сонот ќе се борат Сарагоса, Алмерија, Џирона и Елче.
Во понеделникот во Сегунда се одигра последното коло. Сите натпревари стартуваа во исто време, освен Лас Палмас - Екстремадура каде немаше никакви интриги, со цел клубовите рамноправно да се борат без да ги знаат исходите на другите дуели.
За мечот Депортиво Ла Коруња - Фуенлабрада имаше 2 сценарија: домаќинот кој играше и полуфинале на Лига на шампиони во 2004-та, а освои титула и Куп во Шпанија на времето, сега се бореше за опстанок во втора лига, а гостите играа да влезат во баражот за пласман во Примера.
Не се случи ни тоа ни тоа. Мечот воопшто не се ни одигра.
На пола час пред почетокот на натпреварот Депортиво - Фуенлабрада шпанска Marca пиша дека позитивни на тестовите за коронавирус биле седум фудбалери и пет членови на стручниот штаб на Фуенлабрада. Екипата не излегувала од хотел иако играчите на Депортиво веќе дошле на стадион.
Претседателот на клубот Фернандо Видал рекол дека ова е фалсификат на целото натпреварување.
„Ова е сериозна грешка од страна на федерацијата и лигата. Ние ќе одиме до најсериозните инстанци. Очигледно дека принципот на еднаквост не важи за сите клубови. Не сметам дека сме испаднати. Се случи тежок фалсификат“.
Ла Лига вели дека околностите биле такви, дека биле принудени да го одложат мечот на Депортиво и дека таква одлука да се пренесе целото коло немало во минатото. А од Депор викаат дека минатата година Сегунда одложи цело коло поради смртта на Хозе Антонио Рејес.