2003-та, 2005-та, 2007-ма се години на доминантниот Милан кој под водство на Карло Анчелоти освои две од тие трите одиграни финалиња во Лига на шампиони.
Таа генерација до денес не им се повтори, бидејќи тоа беше збирштина на класа играчи. Одбраната под контрола ја држеа Неста и Малдини, средината Пирло, Сидорф, Гатузо, нападот Шевченко со поддршка на Кака. Доволно е, не мора сите да ги броиме.
Да не беше оваа епска фудбалска претстава на Риазор, може финалето во ЛШ немаше да го сочинуваат Порто и Монако кои изненадија во таа 2004-та, кога изненади и Грција на ЕП. И можеби Милан ќе играше три финалиња по ред.
Но во четвртфинале им се случи драма парекселанс која никој не ја очекуваше. Ла Коруња си замина од Сан Сиро со пораз од 4:1, што подразбираше дека враќање од тој резултат против силниот Милан може само да сонуваат.
7 април 2004 беше реваншот со конечен резултат 4:0 за домаќините. 5 минута Валтер Пандијани, 35-та Хаун Карлос Валерон, 45-та Алберт Луке, 75-та Фран. Шпанците во полуфинале налетаа на Порто.
Погледнете го хајлајтсот да видите само какви времиња беа тоа за Росонерите кои правеа спектакл на терен. Прво Кака ја стопира на коленце со лева, па ја рока со десна. Потоа Шева ја работи цела одбрана, па Кака повторно дава убав гол. Капак на мечот е проектилот на Пирло.
Сите 9 гола од двете средби во 2 минути.