Меси го даде 1.000-от гол од кога почнал на 7 години

Како што пишува Mundo Deportivo, Лео кој синоќа запиша хет-трик на гостинскиот меч во 35. коло против Депортиво (2:4), го постигнал јубилејниот 1.000 гол во својата кариера. Сè почнало уште од 1994 година кога Меси на седум годишна возраст почнал да игра за Њуелс Олд Боис.

Лионел вкупно во кариерата одиграл 1.116 натпревар. На официјални средби за Барселона постигнал 550 гола на 634 меча! За репрезентацијата на Аргентина дал 61 гол на 123 натпревари.

Синоќа во Ла Коруња погоди за 0-2:

За 2-3:

И за 2-4:

Со својот хет-трик синоќа, Меси се искачи на првото место на листата најдобри стрелци во европските лиги и е близу до Златната копачка:

На почетокот на својата кариера во 1994 година во „петлињата“ на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс Меси дал 40 гола на 29 натпревари. И во следните пет сезони за јуниорите и кадетите давал повеќе голови отколку што одиграл натпревари:

1995 - 36 голови на 30 натпревари
1996 - 36 голови на 27 натпревари
1997 - 40 голови на 36 натпревари
1998 - 27 голови на 25 натпревари
1999 - 55 гола на 29 натпревари

Во сезоната 2000/01 веќе е член на академијата на Барселона каде за цела сезона дава 1 гол на 2 натпревари, но блеснува во наредната 2001/02 во категорија Infantil A со 21 погодок на 14 меча. Во еден дел од истата сезона го префрлаат меѓу кадетите каде поради пауза не игра натпревари. А потоа следува магијата:

Барселона кадети А (2002/03) - 37 гола на 30 натпревари
Барселона младинци Б (2003/2004) - 4 гола на 7 натпревари
Барселона младинци А (2003/2004) - 31 гол на 21 натпревар
Барселона Ц (трет тим 2003/04) - 5 гола на 10 натпревари
Барселона Б (2003-2005) - 6 гола на 23 натпревари
Аргетина У20 - 14 гола на 18 натпревари
Аргетина у23 - 2 гола на 5 натпревари
Аргетина сениори - 61 гол на 123 натпревари

Барселона прва екипа пријателски средби (од 2003 до 2018) - 34 гола на 53 натпревари

Барселона прва екипа официјални натпревари (2004 - 2018) 550 гола на 634 натпревари!

Вкупно 1.000 гола на 1.116 натпревари во кариерата!

Барселона победи со 2:4 против Депортиво и ја прослави својата 25-та титула во шпанската Ла Лига: