Исто како минатиот викенд во кои првопласираните две екипи влегоа со само еден бод разлика беше и во сезоната 1994/1995, но Барселона тогаш беше втора, а на врвот не беа Кралевите, туку Депортиво Ла Коруња која се бореше за прва титула во својата историја.
Во последното коло тимот од Риазор влезе со 55 бода, а на домашен терен ја пречека Валенсија. Каталонците со 54 бода беа домаќини на Севиља. Навидум лесна работа за Депортиво која со 3 бода против седмо пласираната Валенсија се очекуваше да ја завери титулата.
Лудата ноќ на 14 мај 94-та почна неочекувано. Додека во Ла Коруња беше тивко, Диего Симеоне кој две сезони настапуваше за Севиља, го замолкна Камп Ноу, а потоа Стоичков го израмни резултатот. Следниот шок на домаќините им го нанесе Давор Шуќер, а бугарскиот напаѓач постигна нов гол за 2:2.
Пресвртот за Барселона го направи Ромарио, а за сигурна победа од 5:2 (тогаш се даваа 2 бода) се погрижија Лаудруп на асистенција на Стоичков и Бакеро. Во тој момент Барселона и Депортиво имаа по 56 бода, а каталонскиот тим беше прв поради подобрата гол разлика.
Во тие моменти на Депортиво итно му требаше гол за титула, но Донато и Бебето промашуваа зицери, а исто беше и на спротивната страна. Хичкок моментот се случи во 90 минута кога за домаќините беше досуден пенал. Одговорноста ја презеде стоперот на селекцијата на Југославија, Мирослав Ѓукиќ кој зема залет и шутна директно во голманот.
Дрим тимот на Барселона ја освои четвртата титула по ред, а Мирослав Ѓукиќ стана еден од најголемите трагичари во историјата на Ла Лига. Ла Коруња чекаше за првата титула до 2000 година.