Таг: ромарио

Ромарио на 57 години е атракција за гледање

Еден од симболите на бразилскиот фудбал, кој стана светски првак 1994 и беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот, одамна е во политика. Без разлика што секој ден е во костум, тој не само што уште го има осетот со топка, туку дроби. Пазете му ги потезиве.

И Ромарио не беше за машала

Ромарио ти е легендарно и култно име, симбол на Бразил, кој најмногу се прослави на Мундијалот 1994, кога стана светски првак. Беше прогласен за најдобар играч на првенството, како и играч број 1 во изборот на ФИФА. Постигна над 700 гола во кариерата, а од 2010-та гради политичка кариера. Покрај фудбалот тераше многу ќејфови и надвор од терен, а го биваше и за глупости.

Епско видео со Кројф и Христо Стоичков

Спонтан момент од тренинг на големата Барселона во која Кројф беше тренер а нападот го предводеа Ицо „Камата“ Стоичков и Бразилецот Ромарио. Јохан му објаснува на Ицо како да скока со јаже, овој се плетка па Кројф се смее.

Кога генијалниот Дејан и Милан ја урнаа златната епоха на Барселона

На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...

Диего Симеоне само еднаш бил патосиран на терен

И тоа боксерски патосиран, во права смисла на зборот. За време на еден дуел меѓу Севиља за која играше Аргентинецот и Барселона чиј дрес го носеше Ромарио. Бразилецот после еден центаршут му удира толку силна тупаница на Чоло после што овој не можел да стане.

Ромарио и Ел Класико на денешен ден

Пред точно 25 години, Барселона му го нанесе еден од најтешките порази на ривалот Реал Мадрид, кој го здроби со 5:0. Хет-трик на тој дуел постигна Ромарио легендата. Погледнете ја оваа игра еден на еден по асистенцијата на Гвардиола. Просто и едноставно, со еден потег го исфрли од игра кутриот чувар.

Пазете како дрибла Зико на 64 години

Славни бразилски имиња одиграа хуманитарен натпревар поделени црни на бели. Зико вака го гледаш со мев и со бавни движења, што е нормално за годините, ама мозокот уште му работи за фудбал.

Зошто беше грев да го држиш Ромарио на клупа

Во 1992-ра Ромарио изјави: Не патував од Европа до Бразил за да седам на пријателски на клупа. По мечот тој повеќе не доби повик за репрезентација. Следната година Бразилците се наоѓаа во опасност и им висеше учеството на СП. Селекторот Карлос Алберто мораше повторно да го викне најдобриот во тоа време за Бразил, а тој постигна два гола против Уругвај и ги однесе на Светско. Кој го освои СП 1994 во САД? Бразил.

За најчудниот тренер во историјата на Реал Мадрид

Бразилскиот тренер Вандерлеј Луксембурго беше селектор на „Селесао“ на неколку големи натпреварувања а покрај него стасаа играчи како Роналдо, Роберто Карлос, Едмундо, Ривалдо и други. Играчите редовно се чуделе на неговиот карактер.

„Апартхеид? Го знам, добар играч, ќе мора да го чуваме двајца“

Во составот на славниот Бразил кога ќе се споменел хумор и зафрканција, сите со прст покажувале во човекот кој во авион барал банкомат, јадел глушец на жар и ја исплашил чистачката во Бенфика кога на бразилски ѝ побарал лист хартија.

Најлудата завршница во шпанското првенство со балкански шмек

Давор Шукер, Христо Стоичков, Диего Симеоне, Ромарио и Михаел Лаудруп беа стрелци во последното драматично коло во Ла Лига, која шампионот го донесе во последната минута од сезоната. Поранешен репрезентативец на Југославија место место јунак стана лузер.

Бегството на Бразилците на Карневалот во Рио

Роналдо, Ромарио, Адријано и Едмундо напуштаа тренинзи и натпревари во клубовите, само за да одат на најголемата забава во годината во Бразил.

Двата милиони евра на Ромарио во швајцарска банка кои не постојат

Многу поранешни славни бразилски фудбалери отидоа во политика како Бебето, Вампета, Тулио, Роберто Динамите, па дури и Зико и Пеле, но на никој не му оди како на Ромарио, еден од најдобрите голгетери на оваа фудбалска земја кои ги брка криминалците во фудбалот.

Музејот со најважните голови на Барселона

Вториот гол на Меси против Баерн Минхен го крена интернетот на нозе, а воедно влезе и на листата најважни голови во историјата на Барселона. Покрај Меси, голови за во музејот на Барса постигнуваа Ромарио, Ривалдо, Иниеста, Куман, Бакеро, Кројф и Роналдо.

Од татко на син, талентираните деца на познатите фудбалери

Многу поранешни играчи се одлучија да ги носат своите синови на фудбал, ама некои од нив останаа малку подолго на терените, како децата на  Паоло Малдини, Зинедин Зидан, Ривалдо, Ѓеорге Хаџи и Диего Симеоне.

Ромарио удри и по Роналдо

По жестоките критики против челните луѓе на ФИФА околу организацијата за Светското фудбалско првенство, бразилската фудбалска легенда нападна друга бразилска легенда со која заедно настапуваше за националниот тим.

Ромарио: Блатер е корумпиран кучкин син!

Поранешниот бразилски фудбалер кој во моментов е успешен политичар, ги критикуваше првите луѓе на ФИФА.

20 години од петардата на „Камп Ноу“

Доминацијата на Барселона во Шпанија и во Европа е голема, а за тоа е доволно само да ги споменеме оние 14 трофеи на довчерашниот стратег Гвардиола. Еве нешто драгоцено за нив и од не баш далечното минато во кое повторно еден од актерите е Пеп, но заедно со Ромарио

Блатер е лопов

Во минатото беше познат како одличен напаѓач, а сега опасно напаѓа и надвор од терените. Бразилецот Ромарио кој сега плива во политички води, ги критикуваше челниците на ФИФА.

Пензионираните легенди кои направија „кам бек“

Носталгија, пари и желба. Тука некаде треба да се бараат причините за фудбалерите кои откако ќе ги закачат копачките на клинец, не можат да се помират дека им завршил работниот стаж на теренот. Го облекуваат дресот, ја земаат топката в раце и назад на работа.

Пеле и Ромарио во војна со Фудбалската федерација на Бразил

Во пресрет на Светското фудбалско првенство наредната година, бразилските легенди прочепкаа по минатото на првиот човек на Фудбалската федерација на Бразил и бараат да си поднесе оставка.