Жилмар чукнал, а вратата се отворила. Собата на тренерот мирисала на ароматични масла, гореле миризливи свеќи. Слика која ја остава стар женкарош. Но наместо средовековна жена, Луксембурго си шепотел со свештеникот Роберио де Огум, неговиот духовен учител.
-О, Жилмар, ти си? Па црни, како се чувствуваш?
-Слабо.
Ногата ме боли, ќе го пропуштам финалето со Коринтијанс. Што сакавте?
-Долго размислував. Само ти можеш да го запреш шпицот Милер.
„Жилмар треба да се искапе“, рекол пасторот Де Огум. Фудбалерот го накривил окото на косо. Во просторијата имало мало купатило во кое имало листови од ружа, морска сол и лаванда.
-Сине, спремен ли си да го чуваш Милер?
-Спремен сум, каде да одам?
-Не лажи. Не си спремен. Брзо нурни се во кадата.
Жилмар земал длабоко воздух и со маицата нурнал во водата...
-Сега спремен ли си?
-Да.
-Ебате беља, ајде пак нурни.
Од Жилмар капеле капки вода по собата.
-Сега си дефинитивно спремен. Нурни уште еднаш за закрепнување.
Жилмар му ја раскажал оваа случка на одбранбениот играч Вампета којшто се смеел додека му ја прераскажал на новинар на ESPN Brasil.
„Брат, ти нема да веруваш, ама јас ќе играм во недела. Само има еден проблем: мора да го чувам Милер“.
Тоа се случило пред првиот финален меч од првенството на Бразил во 1998 година меѓу Коринтијанс и Крузеиро. Жилмар влегол на терен и повредата му се влошила, а Милер дал убав гол. Мечот завршил 2:2. Вампета заедно со соиграчите вечерта одел на вечера во хотелот.
„Ете ви го Милер! И Роберио де Огум! Дури и братот домар во црквата е појак од тој кловн“.
Злобниот тренер Луксембурго бавно џвакал на соседната маса и сè слушнал:
„Баш го бива тој Роберио де Огум!“ - немал гајле Вампета дека го слушаат.
Трнерот му го пратил асистентот којшто му го пренел барањето на тренерот - да не зборува така за духовникот.
-Јас не сум крив што Милер лесно ги влечеше за појас и Жилмар и Роберио де Огум.
-Уште една таква шега и нема да играш на следниот меч.
-Да видам само како ќе им објасните на печатот и навивачите што првотимците го пропуштија решавачкиот меч! Јас ќе ви кажам како: Роберио де Огум е слаб а Милер е бог.“, викал Вампета.
Реваншот исто завршил нерешено а во третиот решавачки меч Коринтијанс на Вандерлеј Луксембурго победил 2:0 и станал шампион на Бразил. Милер на тие средби не дал гол.
***
Гуруто Роберио де Огум се прославил во фудбалскиот свет кога ја предвидел титулата на Палмеирас во 1993 година. Тогаш во едно спортско студио репортерот го прашал во емисија во живо: „Кој ќе го освои шампионатот сезонава?“ Де Огум распалил: „Палмеирас ќе го совлада Коринтијанс со 3:0 а три играчи во поразениот тим ќе добијат црвени картони“.
„Мене ме правеа забеган, но по двата меча на крајот така излезе. Не сум свесен што кажав. Од мене говореа богот на војната и железото Огум“, рекол пасторот.
Таа титула станала прва во тренерската кариера на Вандерлеј Луксембурго. Тренерот веќе тогаш одел по совети кај пасторот. Де Огум побарал од него Палмеирас да носи бели штуцни и дресови со долги ракави: за да има повеќе позитивна енергија.
Самиот Луксембурго по совет на Де Огум носел кравати и свилени кошули а некои нокти му биле лакирани.
Во составот на Палмеирас тогаш играле Роберто Карлос и Едмундо. Последниот состави моќен напаѓачки тандем со Батистута во Фиорентина, но следната сезона избегал на карневал во Рио и против себе ги свртел и навивачите и соиграчите. Неколку години претходно, Едмундо преживеал авионска несреќа во која загинале три лица. По враќањето во Бразил го осудиле на четири години условно и морал некое време да лежи во затвор.
Но тоа беше подоцна во ’90-те. Прво Луксембурго го викнал Едмундо да го кренат Фламенго на право место. Поворката која што ја направиле навивачите вклучувала и два слона и тигри кои навивачите ги позајмиле од локалната зоолошка.
Но атмосферата не била сјајна: тренерот Луксембурго се скарал со Ромарио. Ѕвездениот напаѓач барал него официјално да не му го рушат режимот, да си вика девојки во своја соба, пропуштал тренинзи и давал голови само на пријателски. Едмундо тогаш решил „што сум јас полош“?
Луксембурго избегал во Парана, клубот каде ги открил талентите Ривалдо и Луизао а за време на Светското 1998 во Париз, тренерот ги изненадил луѓето од фудбалската федерација колку знае за фудбалот. На тој Мундијал Луксембурго работел како стрчен коментатор на бразилска телевизија а брзо после поразот во финалето во парискиот ресторан „Купола“ го назначиле за наследник на Марио Загало како селектор.
Меѓу Парана и репрезентацијата на Бразил имало неколку неспокојни години за Вандерлеј па тој решил да се врати во Палмеирас а враќањето го одбележил скандал: Луксембурго го обвиниле за сексуално напаствување.
Некоја козметичарка на суд изјавила дека во нејзината соба тренерот се појавил со пешкир на себе. Подоцна во Бразил излегла пародија порно филм наречен „Вандерлеј и козметичарката“.
Следно - премин во Сантос, смртниот ривал на Коринтијанс чии навивачи го гаѓале со парички и го викале предавник.
***
Напаѓачот Марселњо Кариока дал неколку убави голови во првите мечеви за Бразил кај селекторот Луксембурго но потоа не добивал повик. Самиот фудбалер рекол дека му ја украл девојката и овој решил да му се одмазди. Во октомври 1998 година Луксембурго отворил бар «Luxemburgo Football Cafe» во градот Коритиба а за репрезентацијата почнале да играат чудни играчи па брзо го обвиниле дека викал „леви“ играчи за полесно да направат трансфер и да земе процент.
Подоцна со Крузеиро Луксембурго освоил „триплета“: станал шампион на земјата, на државата (во Бразил има неколку првенства) и го освоил Купот на Бразил. Пред него никој никогаш немал таков подвиг. Главен стрелец на таа екипа бил Алекс де Соуза.
Во зимата 2005 во Бразил слетал Флорентино Перез со предлог за нов живот на Луксембурго во Реал. Вандерлеј потпишал и после 18 кола бил на 7 бода зад Барселона и ја делел позицијата со Валенсија. Со него на клупата Луксембурго испаднал од Купот на Шпанија и Лига на шампиони во осминафиналето.
Со него на клупата Реал играл во формација 4-2-2-2, без ширина, без многу контакти, играчите од среден ред не знаеле каде трчаат во ограничениот простор на средина. Таквото нешто довело до аспурд: на мечот со Бетис во стартниот состав на Реал на теренот имало шест стопери. Шпанскиот печат му замерувал што ги штити Бразилците кои мора да играат кај него.
„Перез ме нападна што сум го заменил Роналдо на мечот со Хетафе. Навивачите на Реал мавтаа со бели марамчиња кога не им се допаѓа нешто. Таму сакаат да видат фудбалски спектакл, а јас сакам да победувам“, рекол подоцна Луксембурго во студиото Fox Sports.
Интересно, главниот тренер на Хетафе на тој меч Анхел Торес тогаш рекол дека „малку појака екипа таа вечер можела да му даде на Реал седум-осум гола“.
***
По враќањето во Бразил, Луксембурго продолжил да прави циркуси. Во Фламенго отворил религиозна борба: Викал евангелистички свештеник кој кажувал молитвени и мотивациски слогани и им праќал на фудбалерите пораки со текст: Бог е со вас.
Поради конфликтот со Роналдињо кој го обвини дека го шпионира во слободните денови, Луксембурго добил отказ. Минатата година Луксембурго беше тренер кратко во Кина а пред неколку месеци го презеде Спорт Ресифе, шампионот на државата Пернамбукано.