Таг: фламенго

Не ти играм ја со лудациве, бомба под нозе ми рокнаа

Јужноамериканскиот фудбал е уникатна спортска приказна која се доживува со посебна страст. Ама па и никој не ти гарантира дека ќе се вратиш дома цел. На мечот Атлетико Минеиро - Фламенго, голманот кога виде со кого си има работа, му ја даде топката на судијата и си замина.

Фрлање телевизори од прозор повеќе не е во мода

Фламенго го освои Купот на Бразил откако на пенали беше подобар од Коринтијас со 6:5. Да видиме што има ново по дома при еден така поголем наплив на емоции.

Навивачка љубов без граници

Ние денеска ги имаме Дарко и Дарко од САД, а Фламенго го има овој навивач кој отпатува единствен да ги бодри на гости на силен дожд, без чадор. А да е само тоа. Неговиот омилен клуб е веќе испаднат, а овој меч го загуби 7:1 од Алтос.

Дечко, комотно конкурираш за наградата гол на сезоната

Фламенго и Брагантино поделија по бод на мечот од бразилската Серија А. Мечот заврши 1-1 а ќе се памти по неверојатниот гол на гостинскиот играч Клаудињо.

Офсајд лик: Фотографот на Фламенго

Бразилскиот прволигаш го отпушти својот фотограф. Причина? Фотографирал и објавил клупска фотографија од авион на која никој не носел маска. Позитивни? 16.

102 годишен навивач на Фламенго го победи Ковид и со песна ја напушти болницата

За Раимундо не важи тоа дека короната е најопасна кај постарите. Топ не го бие човекот, присутен на планетава еден век и кусур. Ја совлада и потоа отиде дома да гледа како неговите слават титула. Цел персонал го испрати царот.

Кое е новото Бразилче за кое Реал даде 30 милиони евра?

Реал Мадрид објави дека потпишал договор со фудбалерот од средниот ред на Фламенго, Реиниер за кого платиле 30 милиони евра од кои 80% ќе одат за Фламенго, а останатото за играчот и неговите претставници.

Татковско изненадување на годината

Одиш на Светско клупско првенство и тоа на финале од Бразил до Катар за да го гледаш твојот Фламенго против Ливерпул. Го носиш и син ти на аеродром и моментот пред да се поздравите го снимаш. Вадиш авионска карта, ама и за двајцата. Малиот уште не конта.

Фламенго ги пречекаа Габигол и другарите како богови

Да губиш 1:0 до 89-та минута во едно финале на Копа Либертадорес и потоа да го освоиш е лудо, а уште полудо или најдуло се овие епски сцени кои ќе ги видите во Бразил. Пречекот за новиот јужноамерикански првак Фламенго кој по речиси четири децении го крена пехарот изгледа вака:

Лудо финале на Копа Либертадорес - Фламенго славеше со голови во 89 и 92 минута

Во Јужна Америка дефинитивно не може да се одигра мирен, неемотивен меч без напнатост и тензија.Така беше и во саботата вечера, кога за вредниот златен пехар во Копа Либертадорес се судрија титаните Фламенго и Ривер Плејт.

Па добро како ќе ги пречекаат ако освојат?

Страста на јужноамериканските навивачи за фудбал не познава граници. Фламенго замина да игра финале на Копа Либертадорес во Перу, каде за противник го има Ривер Плејт, а сцениве изгледаат како веќе да ги пречекале и тоа не како јужноамерикански, туку како светски прваци.

Залак на годината: 8.000 км со автобус за само 90 минути фудбал, ама без спање

Тешко на навивачите на Ривер Плејт кои немаат авионска карта, а планираат по секоја цена да одат на финалето на Копа Либертадорес. Ги чека спектакл, ама и живот во автобус скоро 5 дена.

Абнормални ножички во Бразил, еврогол каков што не се гледа секој ден

Во бразилската Серија А, на мечот Сеара - Фламенго (0:3) падна гол кој сигурно ќе биде кандидат за наградата Пушкаш. Џорџан Де Араскаета во 90+7’ минута, во длабоко судиско продолжение постигна велелепен гол.

Судија смири ја прво ако не те бива на прва

На осминафиналниот меч од Копа Либертадорес играч на Емелец направи неспортски потег на гостувањето против Фламенго. Судијава па со две леви нозе е роден.

Со далечински управувач да не е топкава?

Додека светот и по 20 години се занимава и се потсеќа на мундијалскиот проектил со чудесно ефе на Роберто Карлос, некоја слична верзија на таков слободен удар падна и во Бразил. Магијата е дело на Диего Соуза од Ботафого, во натпревар против Фламенго кој Фламенго го доби со 3:2.

А како поинаку во Бразил?

На мечот на кој за Фламенго како позајмен играч заигра толку озборуваниот Габигол, неговиот соиграч Енрике Дурадо постигна маестрален гол за 1-1 против Ресенде.

Турни ме да кинисам на големото бразилско дерби

На мечот Фламенго - Васко Да Гама фудбалерите мораа малку да „гурнат“ за амбулантското возило кое собра еден повреден играч да може да тргне.

Тренинг ли е или финале на Светско?

Не е ниту осмина, ниту четврт, ниту полуфинале, а ниту финале, а туку само еден обичен тренинг на Фламенго пред меч од групна фаза во Копа Либертадорес против Санта Фе. Значи да се разбереме тренинг со 50.000 навивачи, а не натпревар. А ако станат шампони што ќе направат? Веројатно уште 50.000 на кров ќе се качат.

За најчудниот тренер во историјата на Реал Мадрид

Бразилскиот тренер Вандерлеј Луксембурго беше селектор на „Селесао“ на неколку големи натпреварувања а покрај него стасаа играчи како Роналдо, Роберто Карлос, Едмундо, Ривалдо и други. Играчите редовно се чуделе на неговиот карактер.

Комичната ситуација со резервата во Бразил

За време на мечот Фламенго - Флуминенсе домашниот тренер Валдемар го спрема резервниот играч Марсио Араухо да влезе на терен а реакцијата на навивачите во позадина е епска!

Детето од Бразил за кое Реал даде 45 милиони евра

Бразил е земја непресушен извор на таленти кои со топката прават чуда. Последно откритие е Винисиус Жуниор, 16-годишното момче кое пред неколку дена првпат тренирал и дебитирал со сениорска екипа. Реал не размислувал два пати и веднаш го купил.

Најбесмислениот црвен картон на сезоната

На големото бразилско дерби меѓу Фламенго и Васко да Гама (2:2), некогашниот фудбалер на Севиља и Милан Луис Фабиано (36) го доби најглупиот црвен картон сезонава. Во тој момент Васко водеше 0:1.

Маракана заживеа и собра 70.000

Бразилскиот клуб Фламенго е најзаслужен што легендарната Маракана која сите ја подзаборавија, повторно живна. Во дербито на Копа Либертадорес против аргентинскиот Сан Лоренцо Фламенго славеше со 4-0 пред 70.000 навивачи.

Џалмиња - Човекот што можеше да стане крал

Совршениот дриблинг и фантастичната техника обично одат во комбинација со пргавиот темперамент, карактерна црта која што не му дозволи на еден од најдобрите бразилски техничари во ’90-те години да стане уште поуспешен фудбалер.