Фламенго е најпопуларниот клуб во Бразил со преку 30 милиони навивачи, кои се дефинитивно едни од лудите во свет. Фудбалерите на Фламенго во сабота го играат финалето на Копа Либертадорес за што доживеаа испраќање како богови.
Но во оваа огромна гужва и не било баш наивно ниту кога тргнале, а ниту кога стасале на аеродром. Клупскиот автобус едвај го напуштил теренот во тренинг кампот, бидејќи навивачите биле залепени до нив и пошто зашто сакале да ги допрат нивните херои пред да го одиграа можеби најважниот меч во нивните животи.
На аеродром пак било исто така хаотично и навивачите тропале на ограда по што некои од нив, како и неколку новинари минале и со полесни повреди.
Полицијата морала да користи спрејови и солзавци за да го расчисти нередот и играчите да можат да се качат на лет.
И пазете ова. Навивачите кренале в раце паркиран автомобил за да можел во еден момент автобусот да сврти. Еј какви будалаштини.
А што се чудиме па ние, кога тие на сè се спремни.
the best#Flamengo pic.twitter.com/9Iz43gA8eG
— jv johnson 🙅🏿♂️ (@kingjv99) November 20, 2019
Инаку Фламенго само еднаш ја има освоено Копа Либертадорес, а тоа е во 1981-ва, истата година кога го совладале Ливерпул во Интерконтиненталниот Куп.