Битката за најважниот јужноамерикански клупски трофеј годинава ќе се бие во Перу на стадионот Монументал кој се наоѓа во градот Лима, каде ќе се сретнат Фламенго и Ривер Плејт.
На Бразилциве не знаеме како им е планот за да им учинат на своите навивачи кои се уште подалеку, ама опцијава за Аргентинците е многу луда, барем според нас. Според начинот на кој тие го доживуваат фудбалот, можеби ова им е рутина.
Ривер се договорил со автобуска компанија, која инаку го носи клубот на гостувања и им е спонзор, да организира патувања за навивачите кои не успеале да обезбедат авионски билети.
Финалето се игра на 23 ноември, а идејата е да се тргне на 20-ти, бидејќи се работи за преку 50 часа возење. Во еден правец има 3.900 километри. Убавини.
Е сега што е уште поинтересно. Значи се тргна на 20-ти во 1 часот по полноќ и се стига наутро кога се игра мечот. Знаете кога е враќањето? Веднаш после завршувањето на натпреварот. Уште едни убавини.
Таман си истегнал мускули и си се исправил како човек после 2 и кусур дена пат во автобус и после 90 минути треба да го јадеш истиот стап за назад.
Ако на навивачите на Ривер им е за утеха, клубот ја крстил оваа авантура „Туристичко патување“ на кое може да се пријават само навивачи со билети за натпреварот.
Добро во Перу нема ли кај да се преспие?