18-годишниот Бразилец потпиша договор со Реал до 2026 година. Тој ќе дојде во базата на Кастиља после 9 февруари зошто во моментов е со олимписката репрезентација на Бразил (до 23 години) на пред-олимписки подготовки.
Интересно, Реал Мадрид го приметил Реиниер уште во 2018 година кога малиот станал најдобар стрелец на турнирот У-16 во Дубаи со 9 гола и 8 асистенции на 5 меча, а во финалето Фламенго таму го совладал Реал У16. Реиниер токму против Реал во финишот наместил асистенција за гол за 1-1 а после погодил и во серијата пенали за победа (4:2). Не било тешко да не се примети неговиот талент.
Фламенго и Реал Мадрид почнале преговори за трансфер уште во јануари но чекале талентот да наполни 18 години, за да се избегнат санкции од ФИФА за трансфер на малолетен фудбалер. Иако сите знаеа и се беше јасно за трансферот уште на почетокот на јануари, а Реиниер на медицински прегледи бил кај што е со репрезентацијата, за да не губи време на прелетувања.
30 милиони евра за 18-годишен непознат играч се многу па и за Реал Мадрид, но „кралевите“ и добро поминале зошто можеле да платат повеќе. Во декември 2019 година Реиниер потпишал нов договор со Фламенго во која имало и клаузула. Договорот му истекувал во 2021 година.
Очекувано, најразочаран од трансферот бил тренерот кој на Фламенго му донесе титула во Копа Либертадорес и во бразилското првенство, Португалецот Жорже Жезус: „Не смее да се продава играч на нивото на Реиниер за 30 милиони! Во Бенфика фудбалерите ги продаваа повеќе од нивната реална цена. Фламенго не знае правилно да ги процени играчите“.
Реиниер е петти Бразилец купен од Реал во последните 3 години. Покрај малиот Реиниер, со клубот од Мадрид договори потпишаа лани и Винисиус, Родриго, Родриго Фарофа (игра за Кастиља) и Аугусто (позајмица во Леонеса). Сите потпишале договор до 18 години.
Инаку има теорија дека претседателот на Реал, Флорентино Перез решил да се сврти кон Бразилците откако во 2013 година го пропушти Нејмар кој буквално му беше во раце во нивната база на проба.
Перез во меѓувреме ги донел Абнер, Вилиан Жозе и уште пар други Бразилци кои не се снашле во Реал.
Но пред три години клубот го ангажирал скаутот Пауло Енрике кој беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Бразил која во 2016 година ја освои Олимпијадата, а исто така работеше и во Крузеиро и Манчестер Јунајтед. Пауло работи само како скаут за Реал во Бразил и наоѓа совршени таленти како Реиниер.
Новиот бисер на „кралскиот клуб“ го споредуваат со Кака. Тој исто игра полушпиц, плејмејкер.
„Јас се инспирирав од игрите на Зинедин Зидан. Гледав десетина видеа од неговите натпревари. Секогаш пробувам да ископирам некоја финта што тој ја правел“, вели Реиниер за неговиот нов тренер.
Сезонава во Фламенго тој играл како левокрилен напаѓач, но Дала Деа, селекторот на Бразил У17 смета дека во иднина Реиниер би можел да го замени Тони Крос.
„Реиниер ме потсеќа на десетката од минатото, играч кој многу добро ја организира играта, но не се ограничува на тоа, туку и умее да даде гол, да намести асистенција, а претходно играше и во одбранбена зона. Во формацијата која што ја игра Реал, тој би можел да го земе местото на Крос“.
Реиниер поради фудбалот во школо бил само 2 пати во цела 2019-та. Но затоа лани имал 15 настапи за првиот тим, 6 гола и 2 асистенции. Поради обврските со фудбалот, лани само два пати се појавил на час. Ама затоа на 17 години освои титула и Копа Либертадорес.
Реинер тешко дека во скоро време ќе влезе во првиот тим на Реал Мадрид. Секој нов играч, особено оние од Јужна Америка, имаат потреба од адаптација и прилагодување, така што тој за сега спокојно ќе тренира и ќе игра за Реал Кастиља (третиот тим на Реал Мадрид).