Фудбалерите на Фламего се враќале од Бразил после гостување во Еквадор каде славеле победа, а традиција им било после секоја гостинска победа да се сликаат заедно на лет за дома.
Одговорен за фотографирање и водење социјални мрежи им е Матеус Гранжеиро. Тој им направил клупска фотографија и ја објавил, а тие позираат насмеани без маски.
Седум играчи и уште двајца членови на стручен штаб биле заразени од Ковид пред мечот, а сега вкупната бројка во клубот им изнесува 16.
Гранжеиро оставката ја нарече кукавички чин, а претседателот на Фламенго Радолфо Ландим излезе контрадикторен во ставот, затоа што пред да го отпушти фотографот сметаше дека имиџот на играчите во авион е природен.
„Очигледно е дека кога се сликате не носите маска. Јас не се сликам со маска, туку ја вадам, земам здив и се сликам. Така прават сите. Играчите настапуваат без маски, се поздравуваат, се прегрнуваат“, изјави Ландим кој едно зборува, а друго прави.