Раимундо Миранда да Силва мина една недела во центарот за борба против Ковид 19 и по интензивно лекување на компликации, успеа да го надмине вирусот кој покоси многу луѓе на цела планета.
102 годишниот дедо беше испратен од болница со аплаузи од страна на медицинските лица, како и неговата фамилија, скоцкан во дресот на Фламенго пеејќи ја клупската химна.
Инаку роден е во 1918-та, што значи Фламенго со него има прославено 34 од вкупно 36 шампионски титули. Не бил роден само за првите две во 1914-та и 1915-та. Најгорд е на светската титула освоена во 1981-ва година против Ливерпул.
Марија Силва, една од десетте негови ќерки и ден денес инсистира да го придружува на сите натпреварувања на Фламенго.
„Има добар вид и слух за да може да ги следи натпреварите. Тоа е страст кон клубот со кој сите израснавме, така што не не изненадува што ја пееше химната додека ја напушташе болницата“, вели Силва.
Раимундо е веќе дома и сега без проблеми ќе може да ги следи натпреварите на клубот кој го носи во срцето.
И веднаш почна, а подобар меч и исход не можеше да посака на неговиот кам бел. Фламенго го доби дербито против Флуминенсе и тоа на двете соочувања во рок од четири дена. Прво славеше на гости 1:2, а потоа дома 1:0.
Со тоа ја одбрани титулата во бразилскиот шампион, вкупно трета во последните четири сезони.