Амарал - најзабавниот Бразилец во историјата на фудбалот

„Апартхеид? Го знам, добар играч, ќе мора да го чуваме двајца“

Во составот на славниот Бразил кога ќе се споменел хумор и зафрканција, сите со прст покажувале во човекот кој во авион барал банкомат, јадел глушец на жар и ја исплашил чистачката во Бенфика кога на бразилски ѝ побарал лист хартија.

КОШМАРОТ НА НОВИОТ ЦИМЕР И ПИШТОЛОТ

Една вечер фудбалерот Едилсон заспал како бебе. По тренинзите на Вандерлеј Луксембурго, играчите на Палмеирас можеле да се жалат на сè, освен на замор, така што никој не пател од бесоница.

Тоа што Зињо, Еваир и Едмундо претходната ноќ заглавиле во ноќен клуб и не можеле да го издржат тренингот е друга приказна. Едилсон им откажал излегување, решил да остане дома и да отспие. Но планот му пропаднал.

Во три часот после полноќ напаѓачот го разбудиле страшни крици и викање од првиот спрат. Чудно му било затоа што соиграчите се излезени, а пијан човек не може толку да вришти. „Што ли е ова? Да не сакаат да ме ограбат?“- помислил Едилсон и по боксерици тргнал во темница да го бара пиштолот. Поспан не се сетил дека крадците не прават галама.

На крајот го нашол пиштолот и се симнал по скали, спремен да пука отворил врата кога слушнал тажен глас: “Имав страшен кошмар. Ќе ми дадеш ли чаша вода“?

Новајлијата во Палмеирас, Амарал не успеал да го среди животниот простор на време и планирал да отспие во хотел. Но Едилсон пројавил гостопримство и го викнал малиот кај него дома затоа што живеел сам. А потоа среќа што за малку не го застрелал.

ДЕТСТВОТО И РАБОТАТА ВО ПОГРЕБАЛНО

За Амарал сè можело да заврши тажно многу пред настанот со Едилсон. Откако го загубила мажот и останала сама во бразилската провинциска реалност, мајката на Амарал, дона Розариа живеела во краен степен на очај. Немала пари за храна, ни за облека, ни за лекари.

А лекар му требал на 4-годишниот син кој боледувал од непозната болест која што детското лице му го претвориле во страшна маска. Дона Розариа слушала дека на ваков начин се унаказени постарите од срцев напад, но Амаралзињо е уште мал?

Додека го држела во раце се молела за неговото здравје и му рекла: „Ти ќе бидеш посебен“.

За разлика од повеќето свои врсници кои биле сурови и груби, тој не пробувал да го гради животот со помош на кражби или престапи во било која банда. Бил љубезен и секогаш насмеан. Како тинејџер работел хонорарно во погребниот завод, работел како поштар и домар.

На новата должност во кругот на своите задолженија требал и да го „опслужи“ покојникот - Да го измие, избричи, облече, да го исчешла трупот. Еден ден направил престап но не од лоша намера и не сфатил дека направил ништо лошо кога ги земал кондурите од покојникот. Просто немал што да облече.

„Гледаш дека е умрен и не му требаат чевли, а јас немам и мене ми требаат“, се насмеал Амаралзињо кога мајка му го карала.

ПРВИТЕ ФУДБАЛСКИ ЧЕКОРИ

Кога завршил со работа во погребално, почнал професионално да се заминава со фудбал на 19 години. Чудно е како тренерите на славниот Палмеирас во него виделе перспектива: немал ништо што сигнализира талент - ниту техника по бразилска мерка, ниту развиени мускули, ниту тактичка зрелост. Просто коски собрани на 170см висина.

Тој можел да заработува солидно од погребалното, но никогаш не се откажал од фудбалот. Сто пати го враќале, а одел на проба одново и одново. На крајот го примиле затоа што бил единствен амбидекстр и еднакво добро играл со двете нозе.

Благодарение на тој квалитет играл во првенството на Бразилија со 16 години. Тренирал заедно со Цезар Сампајо, Едмундо, Мазињо, Флавио Консеисао, Ривалдо, Роберто Карлос и секако Едилсон. Во друштво на вакви ѕвезди гробарот од Капивари изгледал пристојно, навивачите го засакале а добил и повик за настап за репрезентацијата.

АНЕГДОТИ ЗА ФИЛМ ЗА ОСКАР

Во 1996 на Олимпијадата во Атланта беше Алдемар беше еден од 11 репрезентативци кои ја уништија Португалија 5:0 во мечот за бронзата. Тој медал ќе биде најголемо достигнување во репрезентативната кариера на Амарал затоа што веќе не го викале ниту на Светско, ниту на Куп на Конфедерации, ниту на Копа Америка.

Во животот најмногу му недостигала една работа - образование. Немал два класа школо и бил проклето наивен поради што непрестано се наоѓал во комични и незгодни ситуации.

Кога првпат се возел со авион, седнал до Цезар Сампајо. Амарал бил нервозен и побарал од стјуардесата чаша сок, но немал пари во него. Цезар го посоветувал да побара банкомат на опашката од авионот. Амарал 20 минути лутал по кабината и сфатил дека треба да ја праша стјуардесата како да стигне до банкомат. Сампајо паднал од столицата од смеење.

Една од најјаките анегдоти поврзани со гробарот Амарал било гостувањето во Јужна Африка. Играле пријателска против некоја локална екипа кога некој новинар го прашал што мисли за апартхејдот (социјален систем и економска и политичка нееднаквост кои ги спроведувало белото малцинство над црнците во Јужна Африка).

Амарал се уозбилил, направил сериозен израз на лицето и рекол: „Апартхејд? Сум слушнал за него, добар играч. Треба добро да го чуваме“. Новинарот се изнасмеал.

Амарал станал општ миленик затоа што со него секогаш имало шеги и зафрканции како со стенд-ап комичар.

По една победа над Спорт Ресифе екипата на Палмеирас решила да го продолжи славјето, но не знаеле каде. Амарал ја земал ситуацијата под контрола: „Дечки по пат видов една кафана Forró do Gerson, одлично место, да појдеме таму“.

Дечките земале такси а таксистот никогаш во живот не слушанл за таков ресторан. Го поминале пола град, седнале во друго такси, па во друго и на крајот стигнале до натпис „Forró do Gerson - Material de construção”, градилиште со конструкциски материјал. Никој не сакал да ги подели 200-те долари и Амарал сам морал да плати.

ПАТОТ ВО ЕВРОПА ПРЕКУ РАСКРСНИЦА

За одличните игри на Амарал во Палмеирас добро знаел и генералниот спонзор на клубот - концернот „Пармалат“. Млекарите биле главни во Јужна Америка, наоѓале таленти и ги превезувале во Италија: така во Парма стигнале Тафарел и Зе Марија.

Во Парма требал да оди и Кафу, но не се нашле финансиски и идниот „Il Pendolino" отишол во Рома.

Амарал тогаш побарал време да одлучи. Имал понуди од Парма, Депортиво и Лацио. „Својата одлука ќе ја објавам за една недела. Тоа ќе биде бомба“, им рекол Амарал на новинарите.

На крајот се решил за Парма. Во Депортиво дојде Ривалдо, а Лацио се потпре на младиот Чех Павел Недвед. Тогаш Парма мислела дека направила идеален трансфер, но Амарал таа сезона кај Анчелоти морал да игра крило, не се снашол и одиграл само 4 средби.

„Бомбата“ на крајот бил разочарување, а за кариерата на Ривалдо и Недвед да не трошиме зборови.

ПОРТУГАЛИЈА И ЦИРКУЗОТ СО ЧИСТАЧКАТА

Парма решила да го прати гробарот на позајмица во Бенфика, за време на престојот таму одиграл пет меча. Но Лисабонците го паметат како човек кој секогаш им давал храна и облека на бездомниците по улиците.

На стариот „Ештадиу Да Луж“ Амарал ќе го паметат и по анегдотата со чистачката. По еден тренинг, останал последен во соблекувалната и сакал да им остави мотивациона порака на соиграчите. Немал лист хартија па барал од чистачката. На бразилски “лист“ се вика «durex», поради што чистачката се навредила и го пријавила кај управата дека сакал да ја напаствува.

Гробарот едвај објаснил за што станува збор.

ВРАЌАЊЕ ВО ТАТКОВИНАТА

По неуспешната европска одисеја, се вратил во Бразил и во следните две сезони играл за Коринтијанс и Васко Да Гама.

Во Коринтијанс се сретнал пак со тренерот Луксембурго кој еднаш свикал состанок, а соиграчот Вампета бил толку пијан што Амарал морал да го скрие под кревет. На крај Вампета бил казнет поради бегство, но не и поради пијанство. Се памети и дриблингот „еластико“ на Ромарио кој на Фејсбук објави видео и напиша: „Поминаа 17 години, Амарал уште ја бара топката“.

CIAO FIRENZA CIAO BELLA

Во летото 2000-та тифозите на Фиорентина биле шокирани со трансферот на Роби Баџо во Јувентус. Кога сфатил дека нема да може да го освои скудетото во Фиренца, заминал и Габриел Батистута во Рома.

Бесната армија навивачи не ја смирило ни трогателното писмо на Батигол („Не го продавам својот дом, ќе останам жител на Фиренца и навивач на Фиорентина“). Бронзаниот споменик на Аргентинецот кој за четири години станал практично олтар бил демонтиран а на постаментот му допишале: “Непокорен воин. Жесток борец. Продадена душа“.

Раководството на клубот имало тешка задача да спроведе трансфер кампања да ги смири. На крајот Виторио Чеки Гори ги претставил засилувањата: За 20 милијарди лири го купил Нуњо Гомеш, кој бил должен да го замени Батигл, уругвајскиот стопер Салиу Ласиси и Амарал.

Еден од репортерите му се обратил на Бразилецот со традиционално италијанско претставување: „Чао, Амарал, кажете ми...“ Бразилецот го слушнал новинарот како вика ’Чао’, ги земал куферите и тргнал да си оди. На дебито со Фиорентина Амарал добил тешка задача да го чува Зинедин Зидан. Во 24’ минута Сандро Којс се повредил и Бразилецот морал да го чува Зидан. На крајот Јуве славел со 1:3 но Зидан не дал гол.

Повторно се сретнале после 12 години на ревијалниот и хуманитарен меч „Другарите на Зидан“ против „Другарите на Роналдо“.

„А, јас те паметам тебе. Денес не е Фиорентина - Јувентус, така што може да се дружиме“, му рекол Зизу.

ВКУСЕН ГЛУШЕЦ СПРЕМЕН НА ЖАР ВО ИНДОНЕЗИЈА

По Фиорентина, Амарал играл и во Индонезија. Зидан ја завршил кариерата а 39-годишниот Амарал играл за Манадо Јунајтед и Персебаја Сурабаја во Индонезија.

Во едно ток-шоу кај водителот Џими Фелон открил кога во еден ресторан во Индонезија мислел дека нарачал пилешко, а му донеле печен глушец: „По вкус не е ништо необично. Изедов една порција, па нарачав репете, но кога видов опашка, сфатив дека пилињата немаат опашки“.

После Индонезија, Амарал играл во Саудиска Арабија, Полска, Турција па дури и во Австралија. Од една страна сакал да го запознае целиот свет, а од друга да заработи,

Но како што бидува со чесните и наивни луѓе, пари многу не направил. Многу управи го лажеле и му ветувале плата наскоро, како во Бразил така и во Индонезија. Ниту за какви спечалени милиони не може да стане збор.

КРАЈ НА КАРИЕРАТА

Амарал играл до 42 години. Се пензионирал пред две години во клубот Капивариано во родниот град. Веќе бил изнемоштен и не можел да игра на нивото, но заиграл во мечот против Понте Прета кога Капивариано славел 3:0 и првпат во историјата останал во лигата.

После мечот Амарал плачел. Некој плаче од среќа, некој се смее од тага, а едно е сигурно: Дона Розариа била во право - тој е посебен.