Во минатото беше познат како одличен напаѓач, а сега опасно напаѓа и надвор од терените.
Бразилецот Ромарио кој сега плива во политички води, ги критикуваше генералниот секретар и претседателот на ФИФА.
„Генералниот секретар Жером Валке е најголем рекетар во светот на спортот. Тој е уценувач заедно со претседателот на ФИФА кој пак е крадец и корумпиран кучкин син", изјави Ромарио.
Поранешниот напаѓач кој сега е пратеник во бразилскиот сенат, го искажа неговото незадоволство од богатењето на ФИФА за сметка на бразилскиот народ.
„Потрошивме огромни средства за организација на Светското првенство, а ситуацијата ќе стане уште полоша во иднина. Се надевам дека Бразил ќе го освои Светското првенство на фудбалскиот терен, затоа што надвор од него ние веќе сме поразени", дополни 48-годишниот Ромарио.