Ромарио беше еден од пратениците со најмногу гласови во Националниот парламент во Бразил кога го претставуваше своето родно место Рио де Жанеиро во 2010 година.
Неговата популарноста порасна за време на катастрофалните игри на Бразил на Мундијалот во 2010 кога изби корупција во Фудбалската федерација на Бразил. Тој беше гласот на народот и повикуваше на целосно расчистување на матните игри во спортот.
Политичката кариера му одеше нагоре откако беше избран во Бразилскиот Сенат со поддршка од 4,6 милиони гласови, повеќе од 63% од гласовите добиени во Рио де Жанеиро. Со силна платформа Ромарио жестокото ја критикуваше по владата за корупција во фудбалот, барајќи истрага од ФИФА. Го критикуваше планот за изградба на стадионите, како и односот на репрезентативците кои го носат дресот на Бразил.
По поразот од Германија 7:1, изјави:
„Бразил загуби внатре на теренот во срамен фудбалски приказ, Бразил загуби срамно и надвор од терен, надвор од терените и стадионите со ова Светско првенство“.
Тој беше поврзуван и со скандал во кој докажа дека е невин откако магазинот Веја објави дека поседува документ од негова сметка во швајцарска банка во Женева со 2 милиони евра.
Кога Ромарио изјави дека нема појма за такво нешто, магазинот освен сметката за која тврдеше дека ја има, напиша дека вози црвено Ферари, дека има стан од 2,5 милиони евра и дека освен од политиката заработува пари уште од неколку места.
Ромарио доби официјално писмо од банката кои докажаа дека документот е фалсификат, а тој отпатува во Женева и ги поздрави со слика на Инстаграм од езеро и напиша дека не успеал да ги најде тие 2 милиони евра.
Од Веја се правдаа дека документот им го дале луѓе блиски до бразилската полиција и дека немало причина за сомнеж, но тој во Џенева посети двајцата одлични адвокати и поднесе тужба против Магазинот од кој бара оштета 10 пати поголема од износот на банкарската сметка за која го обвинуваат.
Бразилската фудбалска легенда која играше од 1985 до 2009 година е претседател на Анкетката комисија за корупција во фудбалот, а кога се врати во Бразил изјави:
„Лагите за мене се направени поради лоши карактери, лошо новинарство, лоша манипулација со вистината која може да уништи нечии живот. Во моменти кои се обидуваме да ги искорениме лошите навики во бразилскиот фудбал, национален магазин мисли дека нема потреба да проверат документ пред да го објават бидејќи постои можност да биде фалсификуван. Ќе ја искористам сета моја моќ против корупцијата која го преплавува фудбалот во Бразил, но и против секој медиум или личност што се заканува на тој процес“.