Денешниот ден им носи многу слатки спомени на „Каталонците" кои во големото шпанско дерби „Ел Класико" пред точно две децении им го нанесоа еден од најболните порази на големиот ривал од Мадрид.
Барселона предводена од славниот Јохан Кројф во составот имаше играчи од калибарот на Ромарио, Христо Стоичков, Андони Зубизарета, Роналд Куман и Михаел Лаудруп, а од другата страна за Реал Мадрид настапуваа Луис Енрике, Роберт Просинечки, Фернандо Јеро и Иван Заморано.
Домаќините бодрени од стоилјадната публика на „Камп Ноу" го декласираа противникот со пет парчиња, а творец на високиот историски триумф за Барселона беше Бразилецот Ромарио со хет-трик.
Во тоа време препознатлив по својот топовски удар беше Роналд Куман кој се запиша на листата на стрелци со гол од слободен удар, а мрежата во таа волшебна ноќ за момчињата на Кројф ја начна и Иван.
Најубавиот погодок на средбата беше единствениот од првото полувреме кога Гвардиола го проигра Ромарио кој потоа мајсторски се ослободи од својот чувар и го отвори резултатот.
Идентичен ваков резултат на „Ел Класико" Каталонците остварија по дури 17 години кога Пеп Гвардиола седеше на тренерската фотеља.